Македонија
Нови 908 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 367, Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип – 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово – 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево – 19, Кочани – 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 732 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 339, Куманово и Прилеп – по 56, Битола -43, Велес – 37, Тетово – 35, Гостивар -29 , Штип – 25, Кочани и Кичево – по 16, Берово – 15, Гевгелија – 14, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 7, Виница – 6 , Струмица и Свети Николе – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 31 починато лице: 11 од Скопје (89, 84, 76, 75, 72, 72, 70, 68, 62, 51, 48), по 4 од Прилеп (87, 83, 82, 68) и Кичево (81, 70, 60, 59), 3 од Битола (68, 62, 61), по 2 од Тетово (80 и 60) и Охрид (84 и 80), по 1 починат од Велес (82), Кавадарци (82), Струга (76), Свети Николе (88) и Македонски Брод (73). Од починатите, 30 пациенти се починати во болнички, а само еден пациент е починат во домашни услови.
Направени се 3.616 теста преку: ИЈЗ – 565, ЦЈЗ Скопје – 81, ЦЈЗ Битола – 105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 4, Судска медицина – 7, лабораторија во болницата во Козле – 11, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ „8 Септември“ – 21, Институт за микробиологија – 75, МАНУ – 121, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 140, „Авицена“ – 418, „Биотек“ – 287, „Систина“ – 230, лабораторија „Лаор“ – 288, „Синлаб“ – 50, „Ремедика“ – 30, „Плодност“ – 64, „Генеа“ – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.108.
Досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 64.860, активни 9.056
Куманово 7.941, активни 1.253
Прилеп 7.831, активни 1.004
Тетово 6.859, активни 686
Битола 5.648, активни 1.307
Велес 5.167, активни 766
Гостивар 4.962, активни 490
Кавадарци 4.947, активни 573
Штип 4.702, активни 470
Охрид 4.679, активни 867
Струмица 3.745, активни 567
Струга 2.851, активни 266
Кочани 2.572, активни 327
Кичево 2.321, активни 317
Неготино 2.102, активни 269
Гевгелија 2.094, активни 355
Свети Николе 1.414, активни 149
Крива Паланка 1.171, активни 95
Ресен 1.162, активни 229
Радовиш 1.034, активни 138
Берово 961, активни 81
Делчево 916, активни 87
Дебар 904, активни 64
Пробиштип 754, активни 64
Виница 732, активни 119
Валандово 627, активни 102
Крушево 455, активни 100
Богданци 459, активни 70
Демир Капија 392, активни 47
Демир Хисар 357, активни 56
Кратово 350, активни 25
Македонски Брод 343, активни 35
Пехчево 246, активни 17
Македонска Каменица 220, активни 11
Дојран 131, активни 20
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предлогот на Мицкоски за оданочување на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на Владата, Христијан Мицковски, изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица. Според Мрежата за заштита од дискриминација, таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода.
Мрежата оценува дека ваквата најава односно идна мерка не само што би била ретроградна, туку е и дискриминаторска, бидејќи ги крши човековите права односно правото на избор, правото на приватен и семеен живот и правото на планирање семејство, животен стил, семејна состојба и иднина, го стигматизира секој кој не живее во брачна заедница – било од избор, било од околности, ги удира младите, самохраните родители, ЛГБТИ+ лицата и оние кои се социјално и економски ранливи и не придонесува кон развој на општеството, туку отвора врата за нови поделби, стигма и нееднаквост.
„Потсетуваме дека со член 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Дополнително, вонбрачната заедница е регулирана и заштитена со Уставот на Република Северна Македонија“, велат од таму.
Според Мрежата за заштита од дискриминација, ваквиот предлог јасно кореспондира со идеите кои доаѓаат од авторитарни режими, кои преку ретроградни наративи имаат за цел насилно зголемување на наталитетот.
„Наместо казнување на личните избори преку даночен систем, потребни се политики кои ги поддржуваат младите семејства, достапни градинки, сигурно вработување, родова еднаквост и слободен избор на партнерство и родителство. Животниот стил не е основа за оданочување. Во демократска и современа држава, бракот треба да биде слободен избор, а не даночна обврска“, велат од Мрежата.
Од таму ја повикуваат Владата, како орган којшто е овластен предлагач на закони и политики, да се воздржи од иницијативи кои поттикнуваат дискриминација, а институциите – да застанат во одбрана на правата на сите граѓани, без разлика на нивниот брачен статус.
Македонија
Утре многу топло време, од четврток заладување

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура насекаде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
В недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
В среда и в четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.
Македонија
Ѓорѓиевски: 34 отсто од граѓаните живеат надвор од земјата

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска зеде учество на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
„Демографските предизвици бараат здружен одговор од сите сектори – институции, општини, граѓански организации, но и секој поединец. Локалната самоуправа, како прв контакт со граѓаните, има клучна улога“, нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека ЗЕЛС е подготвен активно да се вклучи во процесот.
Тој потсети дека демографскиот пад е сериозен – 34% од граѓаните живеат надвор од земјата.
„Младите заминуваат не само од економски причини, туку и поради слаба инфраструктура, недостиг на квалитетни услуги, недостаток на перспектива, или поради чувство дека институциите не работат за нив. Дел од нив се иселуваат и поради замор од постојани пречки – било домашни, било европски – на патот кон реализација на нивните соништа“, рече Ѓорѓиевски.
Во своето обраќање тој се задржа и на позитивните резултати кои се бежат во оваа сфера во Општина Кисела Вода .
„ Од аспект на градоначалник на Кисела Вода, сакам да назначам дека ние имаме позитивни резултати. Општина Кисела Вода во последните години бележи пораст на бројот на жители. Тоа е резултат на активни локални политики насочени кон задржување и враќање на младите. Но, мораме да бидеме свесни – не може и не смее целата држава да се потпира на неколку урбани општини. Преселувањето од внатрешноста кон градовите е само привид на раст – вистинскиот напредок се гради преку рамномерен развој на сите општини во државата“, рече Ѓорѓиевски.