Контакт

Македонија

Нов топлотен бран -температурите следната недела ќе достигнат 41 степен

Објавено пред

Кон средината не следната недела, повторно не очекува многу топло време со пораст на дневните температури.

dobivaj vesti na viber

Како што информира УХМР, од средината на следната недела температурата на места ќе изнесува 40 степени.

Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24.

 

Македонија

Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот е подеднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

Објавено пред

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласие од извештајот за напредокот на земјава да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, премиерот Христијан Мицкоски вели дека бришењето за нас е исто како и обидите да се стави придавка пред јазикот и идентитетот.

dobivaj vesti na viber

„За нас е подеднакво лошо и тоа што се брише од извештајот  македонски идентитет и македонски јазик исто како и да стоеше модерен. Буквално е подеднакво лошо. Но она што е важно е да се напомене дека оној  мал чекор кога помина на комитетот и македонски јазик и македонски идентитет ќе остане во колективната меморија дека за првпат некогаш помина македонски идентитет и македонски јазик во главниот град на Европска Унија, Брисел, во седиштето на европската демократија, Европскиот парламент“, рече премиерот Мицкоски.

За него, со ваквото усогласување уште еднаш се покажа и се докажа, на јавна сцена дека не се работи за само неколку стотини Бугари во Уставот, туку е многу, многу подлабоко. Тој побара да се извинат сите кои досега убедуваа дека ако само се смени Уставот, нема да имаме проблеми.

„Сега сите тие кои манипулираа во минатото, сите оние кои не убедуваа дека само да го смениме Уставот и готово, сите наши проблеми ќе бидат решени, треба да излезат пред македонските граѓани и да им се извинат. И не само пред македонските граѓани, туку и пред вистинските добронамерници кои доаѓаат од надвор, не од Македонија. И политичари и личности кога им велеа дека само ова да се реши и завршена е работата, дека не ја говореа вистината или поим немаа од водење политика. За жал оние егзибиции кои седум години се случуваа кај нас дома, тука, не доведоа во една ваква ситуација“, рече премиерот Мицкоски.

Иако се двоумеше дали да го употреби, сепак бришењето на македонскит јазик и идентитет од извештајот премиерот рече дека е направено на талибански начин.

„Има еден збор да го употребам, не би сакал да го употребам, но ќе го употребам, ќе одам чекор понапред – на талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот во Европа. Тоа го дочекавме како народ во 21 век. Ете тоа го дочекавме. Тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковечевски, Бојан Маричиќ и останатите“, вели премиерот Мицкоски.

Бугарските медиуми денес објавуваат дека на барање на Европската народна партија (ЕНП), трите најголеми партии во Европскиот парламент – ЕНП, Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д) и Обнова се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на нашата земја оти темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ. Извештајот треба да се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули, а бугарските европратеници очекуваат поддршка од мнозинството за овој амандман.

Владата во мај, годинава, како голема победа на македонската дипломатија го претстави спомнувањето на македонскиот јазик и идентитет на четири места во извештајот за напредокот на земјава. Уште една победа нашата Влада прогласи кога нацрт-извештајот  помина на комисија без измени и покрај  барањето на бугарските европратеници пред македонскиот идентитет и јазик да стои зборот „сегашен“.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Повлекувањето на обвинението против Димитриевски е срам за правдата

Објавено пред

Скандалозен е потегот на Основното јавно обвинителство Куманово, кое, само неколку дена пред завршните зборови во судска постапка, го повлекло обвинението против градоначалникот Максим Димитриевски без никакво објаснување, реагира СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност“, изјави Соња Тодоровска, секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Според неа, станува збор за случај што бил воден повеќе од една година и се однесувал на злоупотреба на службена положба и нанесена штета од над 3 милиони денари, поврзано со издавање дозвола за градба. Од СДСМ обвинуваат дека обвинителството, без нови докази или промена на фактите, одлучило едноставно да се откаже од случајот.

„По чиј налог? Кој притискал, договарал и овозможил оваа фарса?“, праша Тодоровска, повикувајќи на итна истрага за одлуката и за мотивите зад неа.

СДСМ тврди дека ова е јасен показател за постоење на политички влијанија врз правосудниот систем, со цел прикривање на одговорност и заштита на поединци блиски до власта.

„Ова е срам пред правдата, направен во Куманово и уште еден доказ дека судството е под капата на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити“, рече Тодоровска.

Партијата предупредува дека без независно обвинителство и непристрасно судство, нема ни правна држава, ниту доверба во институциите, нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат вистинска правда, а не селективност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицевски: Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Струмица се заканувал со гасење струја за гласови

Објавено пред

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, остро ги критикуваше предлог-кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори, оценувајќи дека партијата тргнува кон сигурен пораз со, како што рече, истрошени и дискредитирани личности.

dobivaj vesti na viber

„Наместо нови и вредни луѓе, тие повторно нудат истрошени фигури, проверени послушници на Заев и Филипче“, изјави Мицевски, додавајќи дека предложените кандидати немаат углед ниту поддршка кај граѓаните.

Како пример, Мицевски го посочи кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски, кој, според него, е симбол на притисоци, закани и злоупотреба на политичка моќ.

„Даскаловски под насока на Заев во 2014 година се заканувал со бркање од работа и гаснење на струја на ромски семејства ако не го дале гласот за СДС“, изјави Мицевски.

Тој додаде дека, иако лицата се менуваат, „матрицата останува иста“ – односно дека, според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и натаму нуди кадри кои „сеат страв, се закануваат и го дестабилизираат општеството“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот е подеднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласие од извештајот за напредокот...

Македонија37 минути

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата...

Топ51 минута

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Македонија2 часа

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ2 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион5 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа5 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа6 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет6 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет6 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет6 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет7 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија15 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија16 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија19 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија21 час

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија22 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ23 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија23 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија1 ден

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...