Култура
Нора Шаќири разрешена од в.д. директор на Театар „Комедија“
По речиси десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири-Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар „Комедија“. Ова доаѓа пет дена по пријавата за мобинг, односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите не беа споделени со јавноста. На нејзино место за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних, која и е вработена во театарот.
Од Министерството за култура велат дека го добиле извештајот од Државниот инспекторат за труд. Во нивното објаснувње стои дека разрешената Шаќири-Марковиќ го прекршила Законот за спречување на корупцијата. Според цитираниот член од Законот, таа почнала постапка за престанок на работен однос за време на избори, што е забрането. Дополнително, наведуваат дека таа го прекршила и Изборниот законик, како и Законот за заштита од вознемирување на работното место.
„Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес. За нов в.д. директор на НУ Театар ‘Комедија’ е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних“, велат од Министерството за култура.
Инаку, во февруари годинава беше разрешен Сашо Ристовски, кој беше директор на Театар „Комедија“. Кај него беше констатирано дека направил злоупотреба со буџетски средства на театарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Музика.Сега!“ со Александар Гордон и Емил Табаков
Оркестарот на Македонската филхармонија в петок со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Гордон од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус.
Маестро Александар Земцов зад себе има навистина богата кариера како виолист, но во последниве години тој е и успешен диригент. Всушност, неговиот дебитантски настап како диригент се одржал во Финска, во 2014 година со Симфонискиот оркестар на Лапеенранта, што му донел покани да диригира и со останатите оркестри во Финска. Во 2017 година следувал мошне значаен концерт којшто му донел покани за диригирање ширум светот, со Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио и со влијателниот виолончелист Миша Мајски како солист. Во 2018 година, маестро Земцов диригирал со Камерниот оркестар на Манхајм и OZM Дортмунд во Германија, како и во Оперскиот театар во Риека, Хрватска, со изведби на балетот на Чајковски – Оревокршачка“. По неговиот дебитантски настап во Кина, пак, во септември 2018 година со Симфонискиот оркестар на Лиаонинг, воспоставил соработка за неколку програми во следните сезони. Александар Земцов е член на програмата „LEAD!“, каде што соработува како ментор по виола и асистент-диригент на врвниот Јука-Пека Сарасте. Во 2020 година тој дебитирал и како оперски диригент со „Алеко“ од Рахмањинов во Украинската национална опера во Киев, што следеле повторни покани за следната сезона. Во април 2021 година, му асистирал на маестро Владимир Јуровски со Лондонската филхармонија, а истата година го имал и својот дебитантски настап како диригент на Лондонската филхармонија на турнеја во Мадрид и Барселона. Во 2015 година, Александар Земцов бил именуван за уметнички директор и диригент на Меѓународниот нов симфониски оркестар (INSO) во Лвив, давајќи му на овој мултинационален германско-руско-украинско-еврејски музичар улога на „Амбасадор на мирот“ во Украина, со цел да донесе мир и единство преку музиката. Инаку, на само 23 години, Александар Земцов бил именуван за главен виолист на Лондонската филхармонија. Во 2012 година, по десет години како лидер на виола-секцијата на ЛПО, тој заминал за да се посвети целосно на својата кариера како солист и диригент.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на Одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте. Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 сè до 1988 година, тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кого остварува значајни концерти ширум светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987-та е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на Билкент симфонискиот оркестар во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија… Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, на пример, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, од класичните, романтичните и од современите композитори, диригирајќи концерти со национални оркестри на Франција, Русија, Грција, Турција. Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен… Покрај иригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за различни инструменти, на дела различни по форма за симфониски оркестар (девет симфонии) и други формации. Носител е на престижни награди и како диригент.
Култура
Иницирај промена! – изложба во „Сули Ан“ што ги охрабрува младите да зборуваат за емоциите и менталното здравје
На 10 декември 2025 година од 19:00 часот, во Галерија „Драгутин Аврамовски – Гуте“ (Сули Ан) ќе биде отворена изложбата „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „БИДИ ЧОВЕК“, поддржана од Ротари Клуб Скопје Интернационал.
Изложбата претставува избор од уметнички дела создадени за време на специјализираната работилница за емоции и уметност, реализирана со 14 млади лица – девојки и момчиња, кои работеа под менторство на психологот Тина Чачоровска и уметникот Доротеј Нешовски. Преку процесот на креативно изразување, младите ги истражуваа своите емоции, учеа да ги препознаат, да ги именуваат и да се соочат со нив на здрав и конструктивен начин.
Настанот ја истакнува клучната порака дека менталното здравје и емоционалната благосостојба се основни човекови права. Емоциите – од страв, трема и вознемиреност до радост, љубопитност и надеж – се составен дел од нашето секојдневие. Препознавањето, правилното реагирање и справувањето со нив не се само лична потреба, туку и општествена обврска.
Дополнително, изложбата ја нагласува важната улога на семејството како прва и најзначајна алка во поддршката на менталното здравје. Многу родители често се чувствуваат неподготвени да се соочат со предизвиците кои ги носат тинејџерските години. Оваа иницијатива има за цел да ја засили свесноста за потребата од помош, водство и алатки за родителите – за подобро да ги разберат своите тинејџери, да ги поддржат во емоционалните тешкотии и да изградат здрави, отворени и доверливи односи.
Изложбата е дел од пошироките активности насочени кон поддршка на младите, унапредување на менталното здравје и промовирање на правата на сите деца и млади луѓе да живеат во средина која ги разбира, слуша и охрабрува.
Култура
Аница Добра гостинка и музички документарен филм за Хаустор на „Синедејс“
Богата, празнична програма на вечерашното 24. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Во киното Фросина, со почеток од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Бело се пере на деведесет” во режија на словенечкиот режисер Марко Набершник, во кој главната улога ја има легендарната српска актерка Аница Добра, која е и гостинка на вечерашната проекција. Филмот е македонска ко-продукција, каде учесник е продукцијата „Црна мачкa” од Скопје и продуцентот Томи Салковски.
По таа проекција, во киното ќе биде прикажан музичкиот документрен филм „Фанк-ЈУ” во режија на Бранко Дујмиќ, посветен на југословенската фанк сцена.
Во Денсинг салата со почеток од 19 часот, следи филмот кој ги освои регионалните кино сали, филмот за легендарниот хрватски музички состав „Хаустор” со наслов „Трет свет” во режија на Арсен Оремовиќ, каде гостин е режисерот на филмот.
Од останатите филмови на вечерашниот репертоар на фестивалот, следи и „Тајниот агент” во режија на Мендоса Фило, филм кој беше номиниран за наградата Златна Палма на овогодишниот Кански филмски фестивал, како и кратки филмови и филмови од натпреварувачките селеции.
Билети за фестивалот може да се набават на официјалната страница www.cinedays.mk.

