Македонија
Нуредини: Со паметни инвестиции до заштита на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ја посети компанијата „Макстил„ како еден од најголемите индустриски капацитети во државата, при што се запозна со инвестициите во напредните технологии со кои се намалуваат емисиите на прашина во воздухот, односно се врши максимално намалување на влијанието на производниот процес врз амбиенталниот воздух.
„По исполнувањето на обврските согласно оперативниот план, Макстил ја доби својата А-интегрирана дозвола во август минатата година, и ние сме денеска тука за да ги видиме дополнителните инвестиции остварени од страна на компанијата по добивањето на дозволата“, изјави Нуредини, додавајќи дека ова е пример како компаниите преку модернизирање на комплетниот производен процес, можат да го подобрат работењето, а истовремено и да ги постигнат стандардите за заштита на животната средина.
Од страна на менаџерскиот тим на компанијата, Нуредини беше запознаен со можностите за подобро функционирање на праксата за јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци, со нивна презентација во живо, на часовно или дневно ниво.
Министерот Нуредини укажа дека тоа е нешто што дополнително ќе биде регулирано и со транспонирањето на директивите за квалитет на воздухот и индустриски емисии, на кои веќе се работи во Министерството, а размената на податоци и мониторингот е дел и од Законот за индустриски емисии кој треба да биде завршен во јуни годинава.
Тој потврди дека „Макстил“ е добар пример како компаниите самоиницијативно се подготвуваат и се прилагодуваат кон построгите еколошки стандарди и ги охрабри и другите индустриски капацитети, со време да вложуваат во подобрување и општествена одговорност, бидејќи така ќе се создадат можности за заштита на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.