Македонија
(Видео) Обвинителката Трајчева ќе поднесе жалба, незадоволна е што Ременски е ослободена
Обвинителката Ивана Трајчева најави жалби за предметот „Меѓународен сојуз“. На неа, особено не и е јасно како судијката Софче Гаврилова-Ефремова ја ослободи експратеничката Фросина Ременски.
„Судот не утврдил кој се дејствијата на влијание бидејќи тоа и се ставаше на товар со обвинителниот акт. Таа го сторила делото бидјеќи самите оштетени посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која ја извршувала во тој момент, довело до потпишување на таквите договори. Кога ги имате овие два факти кои судот сам ги прифати, неспорно беше и кажано, навистина не знам како судот донел заклучок дека Обвинителството во текот на постапката не докажа дека надвор од разумно сомневање дека го сторила делото кое и се става на товар“, кажа Трајчева.
Трајчева кажа дека не може да се каже врз основа на што е донесена ослободителната пресуда за Ременски.
„Ја немам целата пресуда за да ги прочитам сите причини поради кои е донесена одлуката. Она што ме прашувате за присуството (на други функционери), кое неспорно беше споменато денеска од страна на судот на тие состаноци, не треба да се заборават изведените материјални докази од кои има точно дека оштетените, во случај на проблеми, при потпишувањето на овие договори, ја бараат и се консултираат со обвинетата. За мене нејасно е како судот не утврдил кои се дејствијата со кои обвинетата придонела за да се склучат предметните договори. За другите функционери немаше таков доказ“, додаде Трајчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

