Македонија
Обвинителството бара притвор за Ламбе Алабакоски поради палењето на вратата на центарот „Ванчо Михајлов“

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за предизвикување општа опасност поради палењето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“.
Откако во јавноста стана познато дека зад палењето стои македонскиот пејач Ламбе Алабакоски, од Обвинителството информираат: „Пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил“.
Се додава дека со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени, рече Мицкоски пред денешниот протест

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на маршот против францускиот рпедлог кажа дека продолжуваат протестите, зашто Владата прави национално предавство. Тој рече дека уставни измени не може да се направат без ВМРО-ДПМНЕ, а партијата нема да ги поддржи за Бугарите да влезат во Уставот.
„Потребни се 80 пратеници, тие да се сигурни дека тие 80 пратеници ги немаат, тоа треба да го знаат и во Македонија и надвор од Македонија“, рече Мицкоски.
Во однос на тоа дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ помогнаа да се изгласаат уставните измени претходно, рече дека тоа нема да се случи.
„Такви предавници во овој состав нема, ве уверувам и за тоа ќе гарантирам. Владата е група кукавици и не носи сама одлука и префрла на парламентот. Нашата стратегија е да му објасниме на народот дека ова не е неговата иднина туку неговото предавство“, рече тој.
Мицкоски се осврна и на вчерашните инциденти.
„Сите што се обидуваат нема да наседнуваме на нивните провокации, знаеме кои се сценаристи, тоа се оние кои не сакаат ова да успее. Овој мирољубив народ знае дека силата е во масовноста. Ние веруваме во мирен и демократски начин на изразување незадоволство. Едно големо НЕ и на тие насилници кои скаат да ко искомпромитираат овој чист протест“, рече тој.
Македонија
Обвинителството бара притвор за мажот кој пукаше кај Скендербег и две лица кои фрлиле молотов коктел и камења кон Собранието

Обвинителството предложи притвор за три лица осомничени за инциденти за време на протестите во Скопје.
Како што информираат од ЈОРМ, мажот кој со пиштол пукаше кај плоштадот Скендербег, се симничи дека сторил кривично дело – предизвикување општа опасност. За оружјето, како што велат од Обвинителството, поседувал дозвола.
„Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендер Бег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух“, наведуваат од Обвинителството.
За две други лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – учество во толпа.
Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието.
Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник.
Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.
Македонија
МВР: Извршен е службен разговор со лицето што држеше пиштол кај „Скендербег“, оружјето е на вештачење

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, во полициската станица извршија службен разговор со С. Р. (34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице што за време на инцидентот во близина на споменикот „Скендербег“ држел пиштол во раката, но не го употребил, соопшти МВР.
Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.