Македонија
Обвинителството утврди дека Мицкоски не бил во фитнес-центар додека траеше забраната

Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детаљни проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во случајот „Теретана“, кој беше отворен кога во јавноста беа објавени видеа на кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наводно посетува фитнес-центар додека тие беа затворени со одлука на Владата.
„Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за обезбедување на видеозаписите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видеозаписите од безбедносните камери во фитнесстудиото. Во исто време во својство на сведоци беа испитани повеќе лица. Предмет на анализа беше целокупниот материјал што беше обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а беше одземен од деловниот субјект во критичниот период“, соопшти Обвинителството.
Притоа на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените ниту други лица да ги користат услугите на фитнес-центарот спротивно на донесените забрани.
Од вештачењето на ДВР-уредите произлегло дека видеозаписите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди.
„Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, кој спровел постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес-центарот спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност“, соопшти скопското Обвинителството.
Во април на интернет беа објавени видеа на кои се гледа како Мицкоски оди во фитнес-центар и се тврдеше дека се направени за време додека траеше забраната за нивна работа. Тој тврдеше дека снимката е стара шест месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.
Македонија
Мисајловски и генералот Лафчиски со вработените во Министерството и припадниците на Генералштабот по повод 18. Август – Денот на Армијата

Денеска (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.
Министерот Мисајловски изрази почит и благодарност до сите жени и мажи во Министерството за одбрана и Армијата кои, како што рече, посветено работат за државата, нејзината безбедност и сигурност.
„Пожртвуваноста на припадниците на Армијата при справувањето со секојдневните предизвици за заштита на македонските граѓани е јасна и препознаена од македонските граѓани. Тие имаат силна доверба во вас и ви оддаваат почит и признание – за вашата храброст и посветеност. Вредностите кои секој припадник на Армијата ги покажува секојдневно, се вредности кои ги негувате и вие – офицерите и подофицерите во Генералштабот и вработените во Министерството за одбрана кои со посветеноста, професионалноста и интегритетот кој го имате го градите имиџот и на Министерството и на Армијата“, рече тој.
Министерот истакна дека „изминатиов период се започнати многу проекти, голем број проекти завршивме, како инфраструктурни, така и проекти за опремување и модернизација на македонската Армија“ и додаде дека следниот период особено внимание ќе се посвети на подобрување на условите на работа за секој вработен, затоа што „одбраната на државата зависи од секој еден од вас.“
Генералот Лафчиски порача дека „18. Август е денот кој ги обединува сите денови на командите и единиците кои ги славиме во Армијата, тоа е празникот кој го празнуваат сите сегашни и сите поранешни припадници кои што во изминатите 33 години придонесоа во изградбата на модерната Македонска Армија.“
За време на свеченоста, делегација од Министерството и Генералштабот предводена од министерот Мисајловски и делегација од семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит и благодарност за нивната пожртвуваност и храброст.
Претходно, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и претставници од кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата и Организацијата на резервни воени старешини положија венци со свежо цвеќе на Партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.
Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип.