Македонија
Облачно време со дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец поизразен по должина на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови ќе е променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе се задржи слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст од среда кога ќе е краткотрајно постабилно, а потоа се очекува нова краткотрајна нестабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии

Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, вчера попладне организираше свечено доделување на дипломи за студентите од прв и втор циклус на студии. Околу 300 студенти ги „фрлија“ капите, заокружувајќи дел од своето професионално образование. Во рамките на оваа свечена церемонија, АУЕ – ФОН со огромно задоволство ги награди и најдобрите студенти-првенци со признание за постигнатиот врвен успех.
„Низ годините поминати со нас, се соочивте со бројни предизвици. Се стекнавте со проширени и продлабочени знаења за научното поле за кое се определивте, со високо ниво на професионална компетентност за право, политички науки, криминалистика, безбедност, странски јазици, архитектура, спорт, економија, информатика и дизајн. Научивте како да го примените знаењето, научивте систематски и креативно да решавате комплексни проблеми од областа; сега веќе умеете и критички да пристапувате кон решавањето нови и мултидисциплинарни проблеми. Со ова знаење, квалитети, компетенции и вештини, вие сте овластени да барате нови можности со уверување дека можете да придонесете за подобрување на целокупната заедница. Сега имате алатки со кои поинаку ќе пристапите на вашата работа за поголема ефикасност и продуктивност. Тоа е моќта на високото образование“, изјави ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска која од името на целиот универзитет им се заблагодари на сите студенти кои го избраа АУЕ-ФОН и им посака многу успех во понатамошните професионални ангажмани.
Гости на церемонијата беа и матуранти од неколку средни училишта, кои изразија желба да видат како изгледа eдна свечена церемонија на доделување на дипломи по пример на светските универзитети, а тоа дополнително би ги инспирирало да се пријават на тековната кампања за рано пријавување, која е активна и овој месец.
(ПР)
Македонија
Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк.
Како што беше соопштено, платата ќе биде исплатена за два дена.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната прес-конференција по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека до крајот на мај ќе биде донесен новиот Колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки.
Неделков објасни дека спорна била исплатата на дневниците во детските градинки кои штрајкуваа, но денес со измената на Колективниот договор во тој дел, регулирано е и ова право на вработените на кои СОНК сметаше дека не е во ред да им се скрати од платата.
„МТСП имаа разбирање за тоа што го баравме. Го усогласивме и овој дел и сметам дека овој процес конечно е затворен“, рече Неделков.
Македонија
Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да се затвори прашањето со деновите од штрајкот

Лидерот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, очекува да се затвори прашањето со деновите од штрајкот и исплатата на платите во градинките за периодот кога штрајкуваа.
„Очекуваме позитивни вести и за кратко ќе се обратиме пред јавноста“, рече Неделков пред влегувањето во просториите на Министерството за труд и социјална политика, каде ќе се сретне со министерката Јованка Тренчевска.
На последната средба меѓу МОН и СОНК беше постигнато решение за 15 отсто повисоки плати на просветните работници.