Македонија
Обнова на Европа во ЕП: Задача на новата влада е продолжување на реформите на патот до ЕУ
Политичката група Обнова на Европа во Европскиот парламент го поздравува формирањето на новата влада во Северна Македонија и со тоа порача дека на државата ѝ треба политичка стабилност со цел да ги оствари реформите преку проевропска влада која ќе подготви патоказ за пристапување на ЕУ.
„Република Северна Македонија спроведе фер и легитимни избори во екстремно тешка ситуација на глобална пандемија. Тоа е позитивен знак да се види дека спротивно од многу очекувања, договор да се формира нова влада се најде во многу краток период, но и во точни временски рокови.
„Продолжувањето на реформите во патот на оваа држава до Европската Унија, како и борбата со корупција и организиран криминал се први приоритети на новата влада на Зоран Заев. Верувам дека една од првите задачи на новата влада е да подготви патоказ за пристапување на ЕУ со основа на широк политички консензус во државата. Во меѓувреме, Советот на ЕУ треба да го присвои последниот текст од рамката за преговори без одложување за да може да се свика првата меѓувладина конференција колку што е можно поскоро“, вели членот на Обнова на Европа, Илхан Ќучук, од Движење за права и слободи, Бугарија, а воедно и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент.
Претседателот на Обнова на Европа, Дачијан Чолош (ПЛУС Романија), со позитивни сигнали и недвосмислена поддршка за перспектива на земјава и на Западен Балкан.
„Добри се вестите дека новата влада во Скопје, предводена од Зоран Заев, сега ги има на располагање инструментите да го продолжи напредокот достигнат на патот за Европа од Северна Македонија во претходните неколку години, како и да се бори против пандемијата на Ковид-19 и социо-економските последици што ги донесе истата. Уверен сум дека владата целосно ќе се ангажира со преговорите за пристапување на ЕУ преку отворено и транспарентно вклучување на сите засегнати страни и дека Обнова на Европа веќе ја има искажано нивната недвосмислена поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан, особено за Северна Македонија. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме процесот на проширување изграден преку меѓусебна доверба, како и јасни критериуми и ангажман“, истакнува претседателот на Обнова на Европа, Дачијан Чолош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

