Македонија
Ова е прв случај во светот да се конфискува Работнички дом, се чудиме на паметот на судиите кои ја донеле пресудата, велат од ССМ
„Во консултација со нашите братски синдикати од европската и светската конфедерација на синдикатите и во консултација со претставниците на меѓународната организација на трудот можеме да кажеме дека не постои ниту еден ваков случај во некоја постсоцијалистичка или комунистичка држава да се одземе дом граден од синдикална членарина од работниците за синдикатите“, велат од ССМ и бараат разрешување на тројцата судии кои ја имаат донесено одлуката за конфискување на Работничкиот дом.
„Ова е прв случај во светот и веројатно Македонија како и по многу други работи, ќе биде позната за првпат и тоа е за да се разграба работничкиот имот за некој бизнис и се сомневаме на други интереси во конкретниот случај“, велат од ССМ.
Од ССМ бараат, како што рече Трендафилов, судиите да бидат разрешени од функцијата вршење на судија во постапка спроведена со закон.
„Писмата со поддршка кој ги добиваме ќе бидат доставени до министерот за труд и социјала, се разбира и до Владата, поддршката од сите страни е кон сојузот на синдикати на Македонија, против оваа политика, и на Владата која го започнала овој процес и на судот кој ја донел ваквата срамна пресуда. Ги испративме пресудите до сите експерти на европско ниво со кои ние како синдикати располагаме и сите се чудат на паметот на овие тројца судии на каков начин ја донеле пресудата надвор од правото. Во Македонија веројатно целта на некој беше досега правото да стане неправо, меѓутоа сметам и дека со новата Влада не смееме да го дозволиме тоа“, завршуваат од ССМ.
Во образложението на пресудата се наведува дека Врховниот суд на Република Северна Македонија одлуката ја донел врз основа на член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/1998), според која имотот и средствата доделени на општествените организации и здруженија на граѓани, добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

