Македонија
Одбележана годишнината од смртта на загинатите градители на ХЕС Маврово

Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите, делегација на АД ЕСМ, предводена од раководството на ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите градители, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово.
„Како вработени во хидроелектраната сакавме да останеме верни на традицијата и скромно, со почитување на сите протоколи во услови на пандемија, со идеја да не се заборави делото на загинатите градители ја одбележуваме 66-годишнината од нивната трагична смрт. Денеска, со положување на цвеќе пред спомен-обележјето ги чествуваме луѓето кои се вградиле дури и со своите животи во своите работни задачи, за да изградат капацитети од витално значење за државата“, рече директорот на подружницата ХЕС „Маврово“ Ѓорѓи Божиноски.
Зимата во Мавровскиот Регион ноќта меѓу 10 и 11 февруари 1956 година се случила голема природна катастрофа.
Од планината Кораб се струполиле снежни лавини врз бараките на градителите на Мавровскиот хидроенергетски систем. Снежните лавини затрупале над 100 лица, а половината од нив успеале да се извлечат од белата смрт и да се спасат.
Најголемиот дел од загинатите биле градители на мавровските хидроелектрани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради градежни активности времен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес – Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворен за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Тренчевска: Носењето на нов општ колективен договор е неопходно, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор

Економскиот социјален совет денеска ја оддржа седмата седница, на која се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор, како точки на оваа седница.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на Економско социјалниот совет ја отвори дискусијата и притоа ја нагласи потребата од нов Општ колективен договор, земајќи предвид дека последниот Општ колективен договор е потпишан 2008 година, а во меѓувреме се настанати голем број на измени во законодавството.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека, Општиот колективен договор ќе даде решение за состојбата на работниците во јавен сектор, условите, правата и обврските на двете страни како производ на социјалниот дијалог.
На денешната седница социјалните партнери се договорија да се формира работна група која ќе работи на подобрување и уредување на предлог текстот на Општиот колективен договор, а така добиениот текст , уште еднаш ќе се разгледа на следна седница на ЕСС. Во работната група, ќе учествуваат претставници од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Организација на работодавачи и Бизнис конфедерацијата на РСМ и Синдикатите.
Од страна на експертот ангажиран за подготовка на предлог законот за систем на плати, беше презентиран предлог законот, по што се отвори дискусија за истиот. Притоа, беше истакнато дека, се работи за сложен и комплексен закон, кој бара посебно внимание, затоа сугестиите и мислењата на сите страни се од големо значење.
Како Влада продолжуваме заедно низ дијалог, да носиме системски решенија кои се правични и даваат резултати на долг рок, велат од кабинетото на Тренчевска.
Македонија
Третманот на Јанкуловска и затвореничките во “Идризово” е дискриминирачки, утврди Комисијата за антидискриминација и бара решение за шест месеци

Комисијата за заштита од дискриминација констатирала дека Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје каде издржува затворска казна од 4 години.
Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичката од женски пол.
Подносителката е ставена во понеповолна положба во однос на осудениците од машки пол во поглед на користење на дел од погодностите на осудените лица, пропишани со член 218 од Законот за извршување на санкции, е наведено меѓу другото во извештајот од Комисијата.
Од таму појаснуваат дека на Јанкулоска ѝ биле оневозможени посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.
Според оваа институција „станува збор за погодност која може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение“.
Комисијата има усвоено и препорака до Управата за извршување санкции, во соработка со други релевантни органи, во рок од шест месеци да подготват Акциски план со извори на буџетирање, за адаптирање, реконструкција и конструкција на установи од полуотворен и отворен вид за жени осуденички.
Инаку, Гордана Јанкуловска, осудена за случајот „Тенк“, издржува затворска казна во времетраење од четири години, од 28 септември 2020 година, во „Идризово“.
Своевремено Исмаил Камбери, во улога на претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, во изјава за „Макфакс“ посочува дека станува збор за комплициран случај.
А дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот во интервју за „Макфакс“, призна и ексдиректорот на Управата за извршување санкции.