Македонија
Одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, интензивна борба за заштита на жртвите, најавија надлежните
Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државна секретарка на Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска, заедно со членовите на Националната комисија со пригоден настан го одбележаа Европскиот ден за борба против трговија со луѓе преку јубилејна промоција на работата на Националната комисија во изминатите 20 години. Настанот се одржа во комбиниран формат, со присуство на дел од членовите на Националната комисија во Министерството за внатрешни работи и преку електронската платформа.
Во своето обраќање Несторовска меѓу другото констатираше: „Нашата борба и нашето внимание против ова зло на човештвото – трговијата со луѓе, не може и не смее да заврши тука. Ние, како Национална комисија ќе продолжиме со несмален интензитет заедно со сите чинители да работиме, прво на полето на подигање на јавната свест и превенцијата, со цел да обезбедиме што поголема видливост на жртвите на трговија со луѓе. Поголемата видливост значи поголема превенција и обезбедување поголема заштита на жртвите. Тоа подразбира ефикасни истраги и кривичен прогон и соодветно санкционирање на сторителите. Сето ова претставува одговор на државата за обезбедување на полесен и побрз пристап до правдата, за адекватно обештетување, со цел жртвите да продолжат со своите животи. Само ваквиот комплексен пристап на државните органи, заедно со меѓународните организации и здруженија на граѓани, може да ни гарантира успешни резултати во борбата против трговијата со луѓе“.
Во продолжение на настанот беше отворена дискусија за улогата на Националната единица во борба против трговијата со луѓе, а свое обраќање во овој дел имаа раководителот и помошник раководителот на Националната единица за сузбивање криумчарење на мигранти и трговија со луѓе. Претставникот од Министерството за труд и социјална политика се осврна на улогата на министерството во борбата против трговијата со луѓе.
Одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе и јубилејот 20 години од основањето на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со свои обраќања го збогатија шефицата на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Скопје и претседателката на Здружението на граѓани „Отворена порта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

