Македонија
ОДИХР ќе го презентира извештајот за вториот круг од локалните избори
Набљудувачката мисија на ОДИХР денеска ќе ги презентира своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2021 во Северна Македонија.
На прес-конференцијата ќе се обрати Тана де Зулуета, шефица на Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, и Штефан Краузе, заменик-шеф на Мисијата.
Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР во вториот круг ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји.
Мисијата на ОДИХР излезе со прелиминарна оценка и ден по првиот круг од изборите, во која беше наведено дека локалните избори беа со натпреварувачки дух, со почитување на основните слободи, но дека се потребни суштински реформи во однос на изборното законодавство. Притоа беше наведено дека апаратите за отпечаток од прст го забавија гласањето, дека броењето на гласовите генерално било добро, но имало проблеми со сумирањето. Забележано било групно гласање, притисоци и купување гласачи, беше наведно во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија.
Цел на мониторингот, како што велат од таму, е оценување до кој степен изборите се одржуваат во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

