Македонија
Одложено сослушувањето на сведоците на обвинетите во „Монструм“
Судењето за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро денеска беше одложено поради отсуство на судијата Огнен Ставрев, кој е на службено патување. Наредното рочиште за судењето е закажано за 6 мај.
Ова е второ судење кое е одложено поради отсуство на судијата Огнен Ставрев откако вчера беше одложено рочиштето за предметот „Топлик“.
За денешното рочиште беше планирано сослушување на сведоците предложени од обвинетите. До сега на судењето беа изведувани материјални докази.
Адвокатот Насер Рауфи денеска го извести Судечкиот совет дека го враќа полномошното на обвинетиот Агим Исмаиловиќ, со што престанува неговиот ангажман како негов бранител. Обвинетиот Исмаиловиќ се произнесе дека нема пари за нов адвокат, што значи дека на наредното рочиште ќе му биде назначен друг бранител по службена должност.
Обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута со правосилна пресуда на Апелациониот суд Скопје беа осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро. Единствено oбвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвинение бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.
Случајот од страна на Врховниот суд е вратен на повторно судење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

