Македонија
Одмор или реновирање? Сега не мора да избирате

Флексибилно решение за сите летни планови
Понекогаш не станува збор за избор помеѓу одмор или реновирање, туку за желба да се реализираат и двете нешта, без финансиски компромиси. Летото е период кога сите се стремиме кон промени – некои ја бараат свежината на нов простор дома, други посакуваат позитивна промена од секојдневието. А честопати и едното и другото се подеднакво заслужени.
Халкбанк, како банка која што гради долгорочни односи со клиентите и нуди производи според реалните потреби, овозможува потрошувачки кредит што се вклопува во секојдневието, со поволни услови, стабилни каматни стапки и поддршка која носи сигурност.
Со овој кредит, можете да аплицирате за износ до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата од 5%, што значи дека ги знаете вашите месечни обврски уште од самиот почеток. Аплицирањето е ослободено од провизија, а доколку во иднина се решите за предвремена отплата – и таа е без дополнителни трошоци. Сето тоа ја прави оваа кредитна понуда транспарентна и лесна за планирање.
Поддршка без компликации
Да се биде примател на плата во Халкбанк значи да имаш пристап до поддршка што функционира лесно, навремено и во твоја корист. Тоа се оние мали, но важни предности што прават голема разлика во вистински моменти.Кога планираш реновирање, патување или нешто трето што не трпи одложување, времето е пресудно. Токму затоа, процесот е прилагоден за сé да се заврши со минимален напор и максимално брзо.
Сè е поставено така што ќе знаеш каде си, што те чека и кога ќе ги добиеш потребните средства, всушност како што треба да изгледа секоја вистинска поддршка.
Кога знаете дека зад вас стои стабилен финансиски партнер, секој ваш план може да биде остварлив. Со потрошувачкиот кредит од Халкбанк, не се откажувате од едно за да добиете друго, туку добивате поддршка да ги реализирате сите ваши замисли, со сигурност, контрола и без дополнителен товар. Изберете решение што се прилагодува на вашиот живот. Изберете паметно. Изберете Халкбанк.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат џабе и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ кога обвинува за недостаток на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски од МВР се фатени за диви приклучоци на мрежата на ЈП Водовод и канализација во Шуто Оризари и за истите МВР по службена должност нема поднесено кривична пријава за кражба, реагираат од Град Скопје по денешното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Како што појаснуваат и на дивоградбата каде беше физички нападната градоначалничката Данела Арсовска, бил утврден див незаконски приклучок на вода, а Панче Тошковски, како што истакнуваат во соопштението, дозволува таму да се продолжи со градба и се стави во одбрана на насилникот Сулејман Љамалари.
„Во услови на рекордна потрошувачка од 356.000 м³ дневно и во просек по фатени и спречени 30 нови диви приклучоци секој ден, некој се уште глуми политички загриженост. Додека едни крадат вода и не плаќаат ни денар, граѓаните кои чесно си плаќаат, трпат поради пад на системот.
Потрошувачката на вода овој месец достигна рекордни 356.000 м³ на ден, што значи дури 700 литри дневно по глава на жител, највисоко ниво досега.
Само во последниве денови, дневно се откриваат по 30 нови диви приклучоци низ Скопје, бројка која постојано расте“, реагираат од Град Скопје.
Одговорноста, според нив, е јасна. Проблемот, како што велат, не е водата, проблемот се оние што ја добиваат џабе и институциите што ги штитат.
Македонија
55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го означи почетокот на изградбата.
„После нешто повеќе од една година, тоа што го ветивме, денеска добива завршница – завршница на првата фаза“, изјави Мицкоски на настанот.
Инвестицијата беше најавена вториот ден по изборот на Владата, а Мицкоски ја нарече „драјвер и модел како треба да се движиме понатаму“ во секторот на обновливи извори на енергија.
Премиерот нагласи дека минатата година била рекордна по странски директни инвестиции, достигнувајќи 1,255 милијарди евра. Како индикатори за економски напредок тој ги наведе растот на извозот на земјоделски производи за 57%, зголемување на бројот на туристи за 22% и индустриски раст од 9,4% во мај.
„Не може да имате силна економија без враќање на довербата кај инвеститорите. А довербата се враќа преку дисциплина и борба против криминал и корупција“, рече Мицкоски.
Тој се заблагодари на сите институции, општини и универзитетски кадар вклучени во проектот, нарекувајќи го ветерниот парк „целосно македонски производ – од проектирање до изведба“.
„Да ни е аирлија и да ни се множат уште многу вакви инвестиции“, порача премиерот.
На настанот се обрати и вицеремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој ја истакна огромната важност на проектот, како за државата и граѓаните, така и за развојот на економијата и создавање можности за конкурентност на македонската индустрија на европскиот пазар.
„Кога патуваме надвор, она што можеби најмногу не’ импресионира, особено во Северна Европа, е кога ќе ги видеме ветерниците и тоа е некој симбол за развој, симбол за прогрес, симбол за 21. век и каде се движи човештвото. Така што, ова што ќе се случува во годините пред нас, е и психолошки добро да покажеме, дека како нација можеме да водиме големи проекти“, рече Николоски.
Во однос на економијата, додаде дека тука имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и што ќе се продаде, кое што директно влегува во БДП. Но индиректниот е многу поголем, не само во изградбата во годините што следуваат пред нас, не само во придобивките кои што ќе ги имаат трите општини, на чија што територија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се’ за стопанството и за индустријата.
На настанот се обратија и директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, како и министерката за енергетика, Сања Божиновска.
Македонија
(Видео) Марков: Ваучери од 250 евра за 55 илјади студенти за електронски уреди

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, денеска најави дека 55 илјади студенти ќе добијат ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на лаптоп или таблет.
Средствата, во вкупен износ од 850 милиони денари, ќе бидат обезбедени од државниот буџет.
Марков изјави дека целта е да се намали дигиталната нееднаквост и да се инвестира во образованието. Ваучерите ќе бидат наменети за студентите до 29 години, а ќе се користат од следната учебна година. Средствата нема да се враќаат.