Македонија
Одрони на патот Скопје – Блаце, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата

На патниот правец Скопје – граничен премин Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови 355 заразени со ковид и двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на КОВИД-19: Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.
Регистрирани сe 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.
Направени се 1.129 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.
Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 149027, Активни 783
Куманово 16825, Активни 77
Битола 15894, Активни 99
Прилеп 14304, Активни 45
Тетово 13564, Активни 50
Кавадарци 10799, Активни 52
Велес 9881, Активни 51
Гостивар 9650, Активни 22
Охрид 9080, Активни 108
Штип 8143, Активни 36
Струмица 8125, Активни 22
Кичево 5676, Активни 8
Кочани 5139, Активни 25
Струга 4749, Активни 14
Гевгелија 4436, Активни 8
Неготино 3721, Активни 11
Ресен 2763, Активни 4
Свети Николе 2643, Активни 2
Радовиш 2545, Активни 13
Крива Паланка 2426, Активни 7
Делчево 1994, Активни 7
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1686, Активни 5
Валандово 1492, Активни 4
Виница 1399, Активни 1
Пробиштип 1278, Активни 8
Богданци 1027, Активни 4
Кратово 971, Активни 2
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 837, Активни 1
Македонски Брод 744, Активни 1
Демир Капија 595, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0
Македонија
Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика

Најдоцна до утре на ЕНЕР ќе биде ставена драфт-верзијата на новиот Кривичен законик со кој во целост се ревидира казнената политика.
Во изготвувањето на законскиот текст учествуваа претставници од академската заедница, од судството, јавното обвинителство, Министерството за правда, невладини организации, МВР и други засегнати страни.
Во периодот кој следи секој ќе има можност да се запознае со законските одредби, ќе се организираат јавни расправи, дебати, по што дел од забелешките ќе бидат инкорпорирани во конечното законско решение.
„Одлучивме, концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив , да се донесе комплетно ново законско решение кое ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење” – рече на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчески.
Со новиот Кривичен законик ќе се остави можност за индивидуализација на казните од областа на злоупотреба на службената положба, особено во делот на јавните набавки, конфискација на имот, еколошкиот криминал и други кривични дела.
Македонија
Чулев: Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ

„На вчерашниот протест Оливер Спасовски и неговите партиски пулени, исклучиво раководејќи се од партиски интереси и желба за зачувување на власта по секоја цена, дозволија да се случи сериозен безбедносен инцидент во кој лесно можеше да се случи да се изгубат и човечки невини животи, со понатамошни далекусежни последици по безбедноста и стабилноста на државата“.
Ова меѓудругото денеска на прес-конференција го изјави поранешниот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев.
Тој рече дека „Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи е должен секогаш кога има протест да организира освен одржување на јавниот ред и мир и заштита на виталните државни објекти, да обезбеди и повторувам непречено одржување на протестот и заштита на безбедноста и животот на учесниците во протестот“.
„Речиси секогаш во досегашните оперативни планови секторот Мавровка, односно плоштадот Скендербег е идентификуван како критична безбедносна точка. За време на вчерашниот инцидент, од причини познати на министерот, на оваа локација, каде е неопходно дури и висинско обезбедување, видливи беа само тројца позорникари. Ова значи дека целосно е потфрлено во физичкото обезбедување со непредвидување на доволен број полициски сили и соодветни материјално-технички средства. Едноставно кажано, Оливер Спасовски воопшто не водел грижа за безбедноста на граѓаните учесници во протестот“, обвини Чулев.
Тој потенцираше дека „Оливер Спасовски треба кривично да одговара и самиот да си поднесе оставка. Оставка треба да си поднесе и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој повикуваше и се закануваше со етнички инциденти доколку не помине предлогот со кој Македонија ќе се асимилира и бугаризира“.