Контакт

Македонија

Од понеделник нови врнежи од снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде облачно, со слаб до умерен ветер. Перетпладне ќе има зголемена облачност во поголемиот дел од земјата и во западните делови можна е појава на слаб снег. Од пладневните часови облачноста ќе се намалува и особено на исток и североисток ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне од минус 4 до 4 степени, информираат синоптичарите.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а од средината на денот ќе има сè повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од минус 5 до минус 15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, велат од УХМР и додаваат дека в недела попладне ќе се зголемува облачноста, а в понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Објавено пред

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска беше најавено негово догаснување. Центарот за управување со криза вчера на Фејсбук објави дека во текот на ноќта ќе има дежурни екипи за евентуално ширење на огнот.

„Пожарот над с.Буковиќ е локализиран. Активен е делот од пожарот помеѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за евентуално проширување на пожарот кон селата. До сега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден“ објави Центарот за управување со кризи на својата Фесбук страница.

Пожарот избувна вчера утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев го честита Денот на Армијата: Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници

Објавено пред

Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана посветеност, професионалност и несебичниот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, премиерот Зоран Заев го честиташе Денот на Армијата.

„На денешен ден, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев“, кој подоцна во Народно ослободителната војна (НОВ) прерасна во војска која ја ослободи територијата на нашата држава, пожртвувано оставајќи печат вграден во темелите и независноста на татковината.

Денеска, 76 години подоцна, нашата Армија на највисоко професионално ниво, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО, дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, учествуваат во меѓународни мировни мисии и даваат свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност.

Пораката за својата подготвеност, за што сме особено горди и благодарни, нашата Армија ја испрати и со учеството во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, кога нашите војници со претставници на уште пет земји-членки на НАТО покажаа дека имаат капацитет за изведување комплексни теренски вежби.

Република Северна Македонија ќе биде идната, 30-та членка на НАТО алијансата, а нашите професионални војници и офицери покажаа дека се партнери со нашите сојузници, со способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.

Благодарам од мое лично име и од име на Владата на Република Северна Македонија, за сите заложби, за сите несебични ангажмани, да помогнете, да осигурате и обезбедите, заедно со сите граѓани, перспективна иднина за сегашните и идните генерации!

Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија!“ порача Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски да одговори каква врска има со италијанскиот весник

Објавено пред

Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани. Особено, откако призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец, порачаа од СДСМ.

„Нема бегање од вистистината Мицкоски. Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш. Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта?

Дали во Унгарија и во Словенија Мицкоски си се гледал со уште некој и кој е тој?

Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник?

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања“ велат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска...

Свет45 минути

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 час

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 час

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет14 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет14 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион14 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион15 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет17 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет18 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион22 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ23 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет24 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија2 дена

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ2 дена

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Досие