Македонија
„Од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, следното зголемување ќе се случи во март“, велат од Влен
„Владата што произлезе од волјата на граѓаните, секој ден докажува дека промената не е слоган, туку реалност која се допира. На вчерашната владина седница беше одобрен предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, фундаментална одлука за подобрување на условите за живот на нашите пензионери“, велат од „Влен“.
„По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада која дејствува. За само 1 година од нашето владеење, пензиите се зголемија за 5.000 денари, помагајќи им на над 340.000 граѓани. Со новите измени, од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, додека следното зголемување од 1.000 денари ќе се случи во март следната година.
Ова не е пропаганда, туку политика со визија и одговорност. Бидејќи за ВЛЕН, пензионерите не се алатки за гласови, туку столбови на општествено достоинство. ДУИ ги користеше старите лица 20 години за фотографии и празни ветувања. Ние им оддаваме почит со акција!
Тие си играа со чувствителноста на оваа категорија. ВЛЕН си игра со картата на посветеност, за секој пензионер што се жртвувал за оваа земја. Ова е влада што дава резултати“, соопштува „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

