Македонија
Од утре на сила новите рестриктивни мерки, рестораните ќе работат до 18 часот
Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.
Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници.
Со мерките е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега. На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.
„Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забрана за собири на отворено и ограничен број постетители во затворен простор со задолжително носење маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат“, информираат од Министерството за здравство.
Министерот Венко Филипче апелираше да нема домашни собири за празниците.
„Да празнуваме одговорно заради сите нас“, порача Филипче.
Претдходно денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека издавањето викендички на луѓе кои не се од исто семејство е кривично дело. Тој кажа дека веќе има оперативна акција од полицијата и се проверува издавањето на викенд-куќи. Според него, за време на новогодишните празници полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес сончево време со температура до 24 степени
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Македонија
Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење.
Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното градско подрачје и насочување на развојот кон периферијата.
„Ќе формирам урбанистички тим од врвни експерти кој ќе помогне да се запре прекумерното градење во центарот“, рече Ѓорѓиевски.
Потсети дека како градоначалник на Кисела Вода бил првиот што спровел постапки и против индивидуални и против колективни објекти.
„Законот мора да важи еднакво за сите. Барам Град Скопје да има сопствена градежна инспекција или државата да го преземе тој дел, за да нема поделба на одговорност“, нагласи тој за „Трилинг“.
Ѓорѓиевски додаде дека дел од дивоградбите се објекти во кои живеат граѓани и истите мора да бидат безбедни. Според него, многу од овие објекти постојат веќе 15-20 години, но тоа не ја исклучува потребата за проверка на истите. Ѓорѓиевски додаде дека, кога станува збор за нови дивоградби, би бил уште поригорозен во санкционирањето.

