Македонија
Од утре попладне нов влажен бран во земјата
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец и од попладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег. Под влијание на влажен бран в недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег.
Врнежите ќе продолжат преку ноќта и в понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони каде што ќе бидат пообилни и ќе има појава на снег на повисоките места. В понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури в понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По поплаките на жителите, Министерството за животна средина ќе изврши увид во работата на депонијата „Дрисла“
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје.
Во име на жителите на село Батинцe и населбите кои гравитираат околу депонијата „Дрисла“, претставниците на двете здруженија информираа дека како резултат на несоодветното управување од страна на дирекцијата на оваа депонија, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината.
Според нив, тие имаат само едно барање, современа депонија со еколошки и европски стандарди.
Меџити на средбата рече дека министерството во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе го разгледа нивното барање и ќе извршат увид во дејноста и начинот на кој ова претпријатие постапува со отпадот, доколку ги исполнува своите должности и евентуалните отстапки заедно со нивната работа.
По набљудувањето на ситуацијата на терен, Министерство за животна средина ќе ги разгледа можности за изнаоѓање на потребните средства и алатки за модернизација на депонијата „Дрисла“, и подобрување на животниот стандард на жителите кои живеат во нејзина близина.
Македонија
Регистриран земјотрес во Македонија
Попладнево нов земјотрес е регистиран во Македонија.
Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала.
Епицентарот е на 12 километри североисточно од Демир Капија. Длабочината на потресот е на 5 километри.
Македонија
Делегацијата на Бирото за јавна безбедност на официјална средба со раководството на ИЦИТАП
Македонската делегација која присуствува на годишната конференција на Меѓународната Асоцијација на шефови на полиции, предводена од Директорот на БЈБ, Александар Јанев, се сретна со Директорот на ИЦИТАП, Грегори Дукот и неговиот тим.
Темите за дискусија беа фокусирани на продолжување на одржливоста на проектите имплементирани со поддршка на Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје, вклучувајќи мобилни камери за снимање кои се користат од страна на сообраќајната и граничната полиција во државата, како и процесот на дигитализација кој ќе продолжи со забрзан тек во Министерството за внатрешни работи, а во насока на успешно справување со криминалот и корупцијата на сите нивоа.
Концептот за полициско-граѓанско партнерство „До Вас, за Вас” е еден од приоритетите на раководството во МВР, кој во периодот што следи ќе биде имплементиран на целата територија на нашата држава. Во текот на посетата на САД, нашата делегација имаше прилика да се запознае со моделот на полицијата од Бостон за блиска соработка со граѓаните.
Нашата визија е јасна, македонската полиција да се зацврсти на високо ниво со професионалност, отчетност, транспарентност како и релевантен и рамноправен партнер за соработка со странските агенции за спроведување на законот во борбата со глобалните предизвици и облици на организиран и транснационален криминал.