Македонија
Од јануари месечен надомест за приватните специјализанти

Министерството за здравство информира дека на приватните специјализанти, кои почнаа со специјализација од септември 2021 година, месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.
Од Министерството додаваат дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крајот на 2021 година.
Првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар.
Претходно, приватните специјализанти за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити денеска ќе ги даде причините за смената на доктор Јовев

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторото Сашко Јовев.
Меџити предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.
„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сѐ за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.
Докторот Јовев вчера изјави дека целата работа не тргнала како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.
Македонија
Сончево време, попладне со изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, велат од УХМР.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови се очекува во попладневните часови на повеќе места да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.
Македонија
Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба.
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.
Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.