Контакт

Македонија

ОМ: Не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени

Објавено пред

Во овие моменти за добивање преговори со Европската Унија, Обединети за Македонија ги повикува сите политички партии и организации да не ја злоупотребуваат моменталната ситуација за политички поени.

„Јасно е кажано од денешната прес-конференција на Советот на Европа дека Македонија ги исполни сите услови за почнување на преговорите со Европската Унија. Пречка се внатрешните несогласувања меѓу земјите-членки за кои сме сигурни дека во Мај наредната година ќе се
надминат.

Влезот на Македонија во Унијата е за доброто на сите граѓани на македонската држава. Тоа е надпартиско и сите сме одговорни за иднината на оваа држава.Затоа ги повикуваме сите партии: Ако сте искрени и се борите за подобра иднина на македонската држава, не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени.Вистинскиот патриотизам се гледа на дело. За резултатот во иднина одговорни сме сите. Затоа, сите заедно и сложно да работиме за подобра иднина на нашата татковина“, се вели во соопштението на партијата.

Македонија

Заев: Се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент

Објавено пред

Се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по повод конститутивната седница на новиот парламент којашто се одржува денеска.

„Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули.

Денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија“, порача Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта

Објавено пред

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт, откако на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта, повреда која носи ризик од масивно крварење без можност за прекин. Ваква интервенција е за првпат самостојно изведена на Клиниката, од страна на тимот кардиолози, заедно со хирург и анестезиолог.

„Смртноста од ваква повреда е скоро 100 проценти. Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози, а тоа се Жан Зимбаков и Оливер Бушљетиќ, потоа васкуларниот хирург Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска. Кај пациентот, со целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на зидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата“, велат од Клиниката за кардиологија и додаваат дека интервенцијата била изведена успешно.

Директорот Зимбаков, вели дека со големиот број на интервенции и опременоста, Клиниката за кардиологија е водечки центар во земјава и на ниво со европските центри.

„Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при ппроширувања на дел од градната и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со „ТАВИ“ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри”, изјави доктор Жан Зимбаков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пратениците од Левица пристигнаа со велосипеди во Собрание

Објавено пред

Пратениците од Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов пристигнаа со велосипеди на денешната собраниска конститутивна седница.

„ Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом! Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува!“, напиша Левица на Фејсбук профилот на партијата.

Патувањето до законодавниот дом со велосипед ќе биде пракса за оваа политика партија, како симболика во борбата против бенефециите на народните избраници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт, откако на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија37 минути

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет3 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион3 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ3 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет5 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет5 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа6 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија17 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион18 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија19 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ21 час

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија21 час

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија22 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет23 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија1 ден

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет1 ден

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија1 ден

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 ден

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Досие