Контакт

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира со осуда поради селективниот пристап на државната компанија МЕПСО при организирањето брифинг за медиуми, на кој не бил поканет медиумот ПорталиХ, иако токму оваа редакција претходно објави серија истражувачки стории поврзани со темите за кои се дискутирало на настанот.

„Сметаме дека ваквата практика претставува сериозно нарушување на принципите на транспарентност, еднаков третман на медиумите и правото на јавноста да биде неселективно информирана.

Недозволиво е јавни институции и државни компании да прават селекција на „подобни“ и „неподобни“ медиуми, особено кога станува збор за редакции што критички известуваат за прашања од јавен интерес.

Брифинзите и комуникацијата со медиумите не смеат да се користат како механизам за фаворизирање или исклучување на одредени редакции.

Институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап за сите медиуми, без оглед на нивната уредувачка политика или критичкиот однос кон носителите на јавни функции.

Бараме одговорност и јавно објаснување од страна на МЕПСО за причините поради кои ПорталиХ не бил поканет на брифингот, како и јасна гаранција дека ваквата пракса нема да се повторува во иднина.

Апелираме дека во демократско општество, транспарентноста не смее да биде селективна, а критичкото новинарство не смее да биде причина за исклучување од јавни настани и комуникација со институциите“, велат од ЗНМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер низ земјата

Објавено пред

Во текот на утрешниот ден времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локални врнежи од пороен дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни временски процеси, со пообилен дожд, почести електрични празнења и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој дополнително ќе придонесе за поизразена промена на временските услови во текот на денот.

Температурите ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени во утринските часови, додека дневната максимална ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје исто така се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде од северен правец, умерен до засилен. Температурата ќе се спушти до околу 12 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен, јваува УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви интервали, но и понатаму нестабилно во одредени делови од земјата. Локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и вторник се очекува дополнително засилување на ветерот, кој на места во западните делови може да надмине брзина од 60 km/h.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Објавено пред

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме.

Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со претседателката за нивните желби, амбиции и училишни активности, како и за потребата од поголема грижа за личното здравје и животната средина, за другарувањето и негувањето на бон-тонот во секојдневната комуникација.

Низ разговорот и детските прашања се чувствуваше остроумноста на генерацијата којашто умее внимателно да набљудува и критички да размислува. Младите гости со зрелост, што на моменти ја надминуваше нивната возраст, изразија интерес за: предизвиците на претседателската функција, за омилените книги и хобија на претседателката, за традициите и културата, за убавините на македонските градови и села.

Сиљановска-Давкова ги охрабри да учат, да го негуваат истражувачкиот дух и да веруваат во своите способности, бидејќи секое успешно општество почива врз образовани, доблесни и емпатични млади луѓе, подготвени одговорно да придонесуваат за заедницата

На крајот од посетата, учениците ѝ подарија на претседателката прекрасни ракотворби, како потсетник на денешната средба, исполнета со ведрина, насмевки и ветување за ново дружење.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

(Видео) Тинејџер на дебито, постигна гол по 14 секунди и го потврди местото на Ленс во ЛШ

Неверојатна фудбалска вечер во Ленс ја обележа тинејџерот Мезијан Соареш, го потврди пласманот на својот тим во Лигата на шампионите...

Спорт7 часа

Валенсија со уште еден брејк против ПАО, Фенер се пласира на завршниот турнир

Кошаркарите на Валенсија го шокираа Панатинаикос во вториот натпревар во Атина и ја вратија четвртфиналната серија дома. За разлика од...

Свет9 часа

Зеленски го потврди примирјето: „Црвениот плоштад ни е помалку важен од животите на Украинците“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, официјално потврди дека е постигнат договор со Русија за размена на заробеници и тридневен прекин на...

Македонија9 часа

ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира со осуда поради селективниот пристап на државната компанија МЕПСО при организирањето брифинг за...

Спорт9 часа

Реал им изрече историска казна на Валверде и Чуамени

Фудбалерите на Реал Мадрид, Федерико Валверде и Орелијен Чуамени, беа казнети со по 500.000 евра од клубот за тепачка во...

Спорт9 часа

Ѓоковиќ елиминиран во Рим

Новак Ѓоковиќ се врати по пауза од 57 дена и го одигра најлошиот Мастерс во Рим, во својата кариера, бидејќи...

Свет9 часа

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје, oва е почеток на крајот на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека меѓу Русија и Украина ќе биде воспоставено тридневно примирје од 9 до 11 мај....

Забава10 часа

Време е за промени: Од овој викенд за четири хороскопски знаци ништо нема да биде исто

Овој викенд (08.05.2026) носи значаен внатрешен пресврт за четири хороскопски знаци кои долго време ги ставале туѓите потреби пред своите....

Свет10 часа

Судење за убиството на рок-пејачот Иан Воткинс: Закани и изнуда пред смртта

На судењето во Лидс беа откриени детали за последните денови на Иан Воткинс, поранешниот пејач на бендот Lostprophets, кој беше...