Македонија
Општина Аеродром бара стручни лица за грижа за деца со посебни образовни потреби

Општина Аеродром објави оглас за вработување 10 стручни лица со професија дефектолог, психолог и педагог, кои ќе бидат ангажирани за помош на деца со посебни образовни потреби.
Како што информираат од општината, лицата што ќе бидат одбрани на конкурсот ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часa неделно за период од 9 месеци.
Ангажираните лица ќе бидат задолжени за следење на учениците со посебни образовни потреби, на кои им е потребна дополнителна стручна помош за успешно адаптирање и ресоцијализација преку најразлични вежби и индивидуална работа.
Огласот трае до први до 14 август, 2018 година, а повеќе детали може да се добијат на следниот линк.
Огласот е дел од проектот „Унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби, кои ги посетуваат училиштата во општина Аеродром“ во организација на Општина Аеродром, Агенцијата за вработување и УНДП.
Целта на овој проект е да ја подобри грижата за децата со посебни образовни потреби за нивна уште поголема инклузија во образовниот процес и непречено одвивање на сите образовни активности во три основни училишта на територијата на општина Аеродром, „Ѓорѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

„Уште еден затвореник му избега на `Сокол` од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели. Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Стоилковски смета дека „ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор“.
„Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?“ вели Стоилковски.
Напоменува дека „затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчески“.
Македонија
(Видео) Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува денеска и утре во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Во обраќањето, премиерот Ковачевски посочи дека во 2022 година, Владата се посвети на двата важни правци за граѓаните и за државава, економијата и европските интерации и паралелно ги решаваше предизвиците од глобалната економско-енергетска криза. Притоа, направени се значајни постигнувања, коишто отворија нови можности за крупни исчекори на двата плана во 2023 година, за што премиерот Ковачевски повика на општествено и политичко обединување.
„Можеме да ја поминеме секоја пречка, можеме да го решиме секој предизвик, има решение за секој проблем. Само ако останеме фокусирани на приоритетите. И тоа ќе продолжиме да го правиме. Пред нас е година на нови можности, за кои напорно работевме и за кои создадовме предуслови во текот на минатата година. И заедно со сите вас, подготвен сум да водам по единствениот и избраниот пат до целта. Изминатата, 2022 година, беше полна со предизвици во геополитички контекст. Во годината зад нас, што се совпаѓа со годишнината од мандатот на оваа Влада, можевме многу лесно да бараме оправдувања зошто нешто не може. Или, можевме да се водиме од тоа како нешто може: како да направиме, да подобриме, да унапредиме. И ние одлучивме токму вака да работиме. За оваа една година од премиерскиот мандат, имав можност да се сретнам со многу луѓе, од различни средини. Најмногу време посветив надвор од канцеларијата, затоа што знам дека, во најголем дел, меѓу луѓето е вистината, знаењето и решенијата. И гледам дека има многу работници, земјоделци, учители, лекари, има и сопственици на големи компании и занаетчии и сопственици на мали фирми кои работат напорно, многу напорно, за да обезбедат егзистенција за себе, за своите семејства, за своите вработени. И со даноците што ги плаќаат, придонесуваат и во напредокот и изградбата на нашата држава. Некои од тие луѓе се овде во салата, дел ќе нè слушнат преку медиумите, дел можеби нема ни да нè слушнат, преокупирани во обврските. Но сите тие – вие сте мојата мотивација и изворот на сила и верба, дека овој пат што го одиме, сите деноноќни заложби да се обезбедат потребите на граѓаните, да се обезбеди европската иднина на државата, со сите кочници и блокади, објективни или со намера, дека сето тоа – вреди. Вреди, затоа што, води до светла цел – добро за сите нас и за сите наши граѓани и нашата држава”, изјави Ковачевски.
Ковачевски истакна дека во 2022 година, во услови на една од најголемите светски кризи во Европа, Владата успеа да ги заштити егзистенцијата и стандардот на граѓаните од енормните поскапувања на храната и на струјата, предизвикани од светската, економско-енергетска криза и војната која се води во Украина. Ги зголемивме минималната плата, просечната плата и пензиите. Помогнавме на компаниите да ги задржат вработените. Во кризната 2022-ра година за целиот свет, ние имаме и нови инвестиции во државата, со новоотворени работни места. Имаме и највисока реализација на капиталните инвестиции, највисоко ниво од осамостојувањето на државата. Но, за прв пат од независноста на државата, донесовме и низа на системски и стратегиски одлуки и решенија, со коишто, конкретно, се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и стратешко домашно производство на енергија, тргнувајќи од природните потенцијали на нашата земја: плодна земја, сонце, ветар и вода.
Додаде дека поставиле јасни економски и европски цели и во тие два правци ќе го унапредуваме развојот на државата. 2023 е година на нови можности , затоа што во 2022-та поставивме здрави основи.
„Ја зголемивме минималната нето плата, во март 2022 година на 18.000 денари месечно. Тоа е за 3.000 денари повисока минимална плата, од претходната година во април, кога изнесуваше 15.000 денари. Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, што ги донесовме, во 2023 година, согласно порастот на трошоците на живот, минималната плата ќе изнесува околу 20.200 денари. Покачена е и просечната нето плата, на 33.000 денари во месец ноември 2022 година, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е за 4.000 денари повеќе од претходната година во истиот месец, кога изнесуваше 29.000 денари. Покачувањето на минималната плата, извесно ќе влијае и на понатамошно зголемување на просечната плата. Ги покачивме и пензиите во 2022 година и обезбедивме редовна и предвремена исплата, а следува и ново покачување во оваа година. Околу 330 илјади пензионери во државата веќе земаат повисоки пензии почнувајќи од ланската септемвриска пензија. Пензиите, во 2022 година пораснаа за 10 проценти, што е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година”, изјави Ковачевски.
Премиерот се осврна и на проектите кои се реализираат во образованието о здравството.
„Во образованието, завршена е изградбата на 3 училишни објекти и уште 3 се во фаза на градба. Завршена е реконструкцијата на 29 училишни објекти и е започната во 21 училиште. Како што најавиме, следува реконструкција на 118 училишни објекти во целата држава. И ќе започнеме со целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови. Во здравството, реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, во соработка со Светска банка, за коишто инсталацијата е во тек, а вкупната вредност на инвестицијата е 13.6 милиони евра. Обезбедени се и нов линеарен акцелератор, нов апарат за зрачна терапија, нова магнетна резонанца, нов компјутерски томограф”, изјави Ковачевски.
Тој наведе дека само во 2022 година, повратот на ДДВ изнесува над 727 милиона евра, што е и највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес. Со ова, дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите и го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните од 1800 денари на 2100 денари по тромесечие. Со овој штедлив и одговорен начин на работа и фокус кон потребите на граѓаните, ги донесовме навреме и антикризните мерки.
Ковачевски истакна дека оваа Влада, во јули минатата година, донесе нови храбри и мудри одлуки, со коишто, по 17 години од добиениот кандидатски статус, благодарение и на одлуката на парламентарците во македонското собрание ги почнавме преговорите со Унијата. Од ЕУ веќе добивме прва транша буџетска поддршка за справување со последиците светската криза, во износ од 80 милиони евра.
Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што од нас зависи. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега, да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, објективно и реално, Република Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Ги почнавме преговорите со целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет и тоа е веќе кристално јасно. За сите надвор, се надевам и за сите добронамерни дома. Македонскиот јазик е признаен и прифатен рамноправно меѓу европските јазици, за што конкретен доказ е веќе потпишаниот договор со ФРОНТЕКС. Почитувањето, вреднувањето, зајакнувањето и унапредувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет зависат најмногу од нас самите, тука дома. Нашата историја, традиција и јазик кои сме ги наследиле од нашите предци, и за што е дадена вековна огромна жртва, никој и никогаш не може да го земе”, изјави Ковачевски.
Премиерот повика на обединување околу новите можности што ги носи 2023-та година.
Македонија
(Видео) Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк

„Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Јаневска посочи дека „учениците што стекнале право на стипендија во оваа учебна година не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а којзнае кога ќе им се исплатат парите на оние што ќе се најдат на списоците“.
„Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави, да го зголеми тој износ. И сè ова е малку, па натаму додаваме. Учениците запишани во математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите“, порача таа.