Контакт

Македонија

Општина Бутел во акција за помош на гладните и бездомни кучиња

Објавено пред

Во овие  тешки времиња, кога многумина  внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат. Општина Бутел заедно со „Амос шелтер“ почна иницијатива да им помогне на гладните и бездомни кучиња.

„Денеска беа  поставени  12  уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел. ‘Амос шелтер’ во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фреквенцијата на луѓето е намалена,  а поголем дел од рестораните се затворени. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фреквентни локации во наслебите на општината. Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни“, соопшти Општина Бутел.

Македонија

Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Од УХМР најавуваат дека во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

Утре и во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер.

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Објавено пред

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот ‘Астразенека’“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Тој најави дека вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре претпладне сончево, попладне дожд

Објавено пред

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

СЗО: Индискиот сој на коронавирус откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет1 час

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија13 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија16 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија17 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија19 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија19 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија20 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет22 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија23 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион24 часа

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија24 часа

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион1 ден

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија2 дена

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија2 дена

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија2 дена

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија2 дена

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Досие