Контакт

Македонија

Општина Охрид: Угостителите да ги подмират обврските за закуп на градежно земјиште

Објавено пред

Општина Охрид упатува апел до сопствениците на угостителските објекти кои не ги подмириле обврските за краткотраен закуп на градежно земјиште тоа да го сторат во најскоро време затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани од соодветните инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тековната година.

dobivaj vesti na viber

„Износите што треба да се платат се определени според квадратурата на проектот за поставување урбана опрема, согласно договорите што ги склучиле“, велат од општината.

Охрид има издадено околу 38 одобренија за угостителски објекти за користење градежно земјиште за 2018 година, а околу 25 угостителски објекти не ги имаат подмирено обврските за таа година. Вкупните обврски по однос на закуп на земјиште и комунални такси изнесува 2.230.863 денари и должниците треба да го платат најдоцна до 31 јануари.

 

Македонија

(Фото) Благодарници и подароци за храбрите пилоти од Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Црна Гора кои нѝ помагаат во гасење на пожарите

Објавено пред

Благодарници и подароци добија храбрите пилоти од регионот кои нѝ помагаат при гасење на пожарите.

dobivaj vesti na viber

На храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија.

Под објавата на Фејсбук се редат еден куп позитивни, но и емотивни коментари од граѓаните кои искажуваат благодарност.

Од предходните директори само Стојанче треба остане на истата функција!“, „Браво секоја чест за сите само напред“, „Ви благодариме добри луѓе!“ се само дел од десетиците коментари.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на граѓаните, рече денеска на прес конференција, Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.

dobivaj vesti na viber

Џабе се понадеваа граѓаните, кои во огромен број го гласаа ВМРО-ДПМНЕ, дека можеби ова е некое ново, променето ВМРО-ДПМНЕ. Така лажеше Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е само обична криминална група, која ги злоупотребува чуствата на граѓаните да се докопа до власт, за потоа да може да тера како најдобро што знае, богатејќи се на нивниот грб.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е еклатантен пример на вечен криминалец во политиката. Човекот кој беше осуден за 5 милионски криминал во ЈСП, денес е прв човек во Владата после Мицкоски. И што може да се очекува од осуден криминалец освен да продолжи онаму каде што застанал.

Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медимите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на поклон градежно земјиште во сред Центар во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал.

Не може ништо различно да се очекува од Јанушев кој еднаш е веќе осуден криминалец. Дали овој човек е промената која ВМРО-ДПМНЕ ја вети? Дали институциите ќе реагираат?

Очекуваме ДКСК и јавното обвинителство итно, повторуваме итно, да го истражат овој голем поклон кој ете така случајно се паднал баш кај Игор Јанушев.

Оваа Влада е владата која во најкус рок ги разочарала граѓаните. Не поминаа ни 30 дена откако седнаа во фотељите, и веќе докажаа дека се далеку полоши од било која власт на почетокот на мандатот“, истакна Илиевски од партиското седиште на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Објавено пред

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале, трет ден ја бранува македонската јавност.

dobivaj vesti na viber

Според МНР, членовите на Антикорупциска не влегуваат во категоријата на лица кои имаат задолжително право на дипломатски патни исправи.

Во текот на месец април од страна на Државната комисија за спречување корупција до Министерството за надворешни работи доставено е барање за издавање на седум дипломатски пасоши за Претседателот и членовите на Комисијата. Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку Министерот процени дека има потреба, Министерството за надворешни работи има право да издаде дипломатска патна исправа На предметното барање од страна на тогашниот Министер за надворешни работи, позитивно е одговорено само за едно лице, односно за Претседателот на ДКСК. Во однос на останатите членови на ДКСК Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“, велат од Министерството за надворешни работи и трговија.

Од Антикорупциска, пак, велат дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска како и членовите на новиот состав на ДКСК Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, се избрани едногласно од страна на Собранието на Република Северна Македонија, каде што имаат дадено и свечена изјава на почетокот на нивниот мандат дека функцијата ќе ја извршуваат одговорно и професионално. Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели. Ова право не си го доделува самата ДКСК туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа“, потенцираат од комисијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на...

Македонија1 час

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале,...

Македонија2 часа

(Видео) Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од...

Топ3 часа

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...

Македонија5 часа

Расте бројот на пожари низ Македонија: во моментов активно беснеат 12, познато е каде гори

Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се’ уште активни, а...

Македонија6 часа

Доаѓа невреме: пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните...

Македонија20 часа

(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица

Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот...

Топ20 часа

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во...

Топ20 часа

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека...

Македонија20 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината...

Македонија1 ден

Министерот Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именува нови в.д. директори во повеќе здравствени установи....

Македонија1 ден

„Визер“ предупредува: Патниците да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет денес

Пристигнете на аеродромот најмалку три часа пред летот, апелираат од „Визер“ по денешниот ИТ-колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот...

Топ1 ден

Пронајдено телото на скопјанецот што се удави во Дојранското Езеро

По преземените мерки и активности, тим пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска, околу 7 часот, во Дојранското Езеро го...

Македонија1 ден

(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“...

Македонија1 ден

(Видео) Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац: со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

Во сообраќајна несреќа кај Лесковац едно лице загина, а тројца се повредени. Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Рекорден број повици од постоењето на бројот за итни случаи 112

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици...

Македонија1 ден

Пожарот кај Битола локализиран, но сѐ уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот...

Свет1 ден

Полицаец повреден со нож во центарот на Париз, насилникот неутрализиран

Еден полицаец е повреден во напад со нож во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен....

Македонија1 ден

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град....

Македонија1 ден

Костадинов заврши на инфузија, вдишал чад од пожарите

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. -Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност...