Македонија
„Осамна утрото сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“: македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочани

Македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочани.
Дани Димитровска, Игор Џамбазов, Калиопи, Тамара Тодевска, Ребека, Антонија Гиговска – повторно со емотивни зборови се огласија на социјалните мрежи денеска кога е закажан погребот на загинатите во пожарот во Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.
Македонија
Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”, информираат од обвинителството.
„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден’, соопштија од таму.
Меѓу уапсените и градоначалникот Љупчо Папазов, како и поранешните градоначалници Ратко Димитровски и Николче Илијев.
Македонија
Засилените закани кон новинарите на социјалните мрежи мора да запрат: апелира ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на општ траор во земјава заради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 59 наши млади сограѓани ги загубија животите, се интензивирани заканите кон новинарите и медиумите на социјалните мрежи.
Тие, како што оценуваат, веднаш и непосредно ја загрозуваат нивната безбедност и може да поттикнат насилство со несогледливи последици.
„Пораки со заканувачка содржина се испратени до неколку медиуми и поединци, и во нив нема ништо наивно. Кон новинарот на Канал 5 ТВ, Александар Видиновски неидентификуван корисник на социјалните мрежи порачува „да внимава што зборува зошто можел да плови по длабоки води и да се задави“, а во коментар кој се однесува на Алфа ТВ стои „Како бе место децата во шталата не се запали ќумезот во Визбегово“.
Новинарите и медиумските работници во земјава, како и сите граѓани на Македонија, деновиве, се под силен стрес особено што во обидот да информираат точно, правовремено, најсоодветно и со почитување на етичките кодекси на новинарството, тие се наоѓаат и во ситуација, со ваква форма на закани да им биде отежната обврската“.
Во исто време ССНМ предупредува, а случаите, како што најуваат ќе ги пријави до МВР и до ОЈО, дека испраќачите на овие пораки и коментари прават кривично дело, и констатира дека новинарите и снимателите не може и не смее да работат под притисок бидејќи амбиентот на линч ќе влијае на квалитетот на информирање, а во продолжение и на демократските процеси во земјава.