Македонија
Османи во Генералниот конзулат во Венеција: „Се реорганизираме за да ја надминеме кризата со пасошите“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/osmani-venecija-1.jpeg)
Вчерашната агенда на министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжи и со посета на Генералниот конзулат во Венеција, каде што од сега има дополнителна реорганизација на работата со цел излегување во пресрет на што е можно поголем број наши државјани и скратување на нивното време на чекање.
Од сега, Генералниот конзулат во Венеција, ќе работи во две смени, како и во сабота и недела. Овој распоред на работно време во Конзулатот ќе трае се до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани за конзуларни услуги.
Имено, мобилната станица, која се користи во Генералниот конзулат во Венеција, согласно однапред утврден распоред се користи и во Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим и во Малта.
Османи побара од дипломатите во претставништво да вложат повеќе напори, со цел да се скрати времето на чекање при поднесување на барање и подигнување на патните исправи.
„Комодитетот на нашите државјани кога доаѓаат во Конзулатот како и брзите и ефикасни услуги, претставуваат приоритетна задача за сите нас. Има бројни предизвици, но мора да се организираме на најдобар можен начин. Ова е вонредна состојба, меѓутоа причината за што постојат претставништвата е токму олеснување и надминување на постапките преку дополнителен ангажман“, истакна Османи.
Воедно, Османи имаше директен контакт со нашите државјани, кои чекаа пред конзулатот за нивните потреби, со цел лично од нив да слушне кои се проблемите со кои се соочуваат и како сметаат дека би било подобро за на сите да им се олесни работата.
На прашањето на наш државјанин „Дали со стари пасоши може од овде да се вратиме назад?”, Османи со одговор: „Може, само ризично е на пример ако имаш само седум дена одмор од работа, да не го добиеш таму во Скопје, а не можеш да се вратиш. Значи можеш да одиш, најбезбедно е да земаш патен лист кој сега го може да го добиете бесплатно“.
Со зголемување на бројот на барањата за конзуларни услуги од страна на нашите државјани кои живеат во странство, Министерството за надворешни работи целосно ја реорганизираше работата на дипломатко-конзуларните претставништва, преку зајакнување на капацитетите со дополнителни дипломати, со воспоставување во функција на дополнителни мобилни станици за сликање за нови патни исправи и преку работа во две смени и работење во сабота и недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.