Македонија
Османи: Во СЕП е концентрирана најсилната експертиза за успешен почеток на преговорите во 2019 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/DSC_2762.jpg)
Во Струга почна годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања, на која, со работен наслов „Исчекор 2019“, вработените во СЕП, предводени од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во следните три дена ќе ги сумираат резултатите од процесот на европските интеграции во 2018 година, како и обврските, перспективите, но и предизвиците што ја очекуваат земјава во 2019 година.
„Без лажна скромност, улогата на Секретаријатот за европски прашања во 2018 година беше исклучително успешна, на што особено се гордеам, а што е потврдено и од многуте соработници, меѓународни пријатели, но како потврда се покажува и во сите истражувања на јавното мнение“, истакна Османи во своето воведно обраќање.
Во иста насока Османи ја посочи претстојната 2019 година како година кога СЕП ќе преземе уште поголем товар во предводењето на општествените процеси во земјата имајќи ги предвид преговорите што се очекува да добијат финализација за време на јунските самити.
„Верувам во стручноста и капацитетите на СЕП да го предводат овој процес и верувам дека во 2019 година ќе ја оправдаме довербата што ни ја укажува државата, Владата, меѓународната заедница, но и севкупно јавноста“, изјави Османи пред присутните најавувајќи зголемување на капацитетите и на СЕП како водечка институција во преговорите, но и воопшто на целата преговарачка структура која како главен преговарач ја предводи токму тој.
Годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања се одржува традиционално кон крајот на годината, а на неа Секретаријатот врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.