Македонија
Османи-Гервала-Шварц: Дијалогот предводен од ЕУ придонесува за регионалната стабилност

Билатералните перспективи, улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово и дијалогот предводен од ЕУ беа централните теми на кои разговараа Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни Бујар Османи и министерката за надворешни работи, Доника Гервала-Шварц за време на нивната денешна средба во Приштина.
Османи истакна дека Северна Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи, чиј континуитет треба да се надгради, потенцирајќи дека инвестицијата во добрососедство, особено во нашиот регион, е влог во иднината.
„Ја искористивме оваа можност дополнително да ги разгледаме нашите билатерални перспективи и да разговараме за улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово. Ќе продолжиме да го поттикнуваме позитивниот политички дијалог и позитивната клима“, рече Османи.
За време на средбата, Османи и Гервала-Шварц се осврнаа и на надворешно-политичките приоритети и се согласија дека побрзата интеграција во ЕУ значи и подобар изглед за регионалната стабилност и просперитет.
Во фокусот на разговорите беше и дијалогот посредуван од ЕУ, кој ОБСЕ силно го поддржува.
„Драго ни е што бевме домаќин на важната средба во Охрид што дополнително го отвори патот за нормализирање на односите. Силно го поддржуваме овој процес, кој не само што ги штити интересите на сите заедници, туку и придонесува за севкупна регионална стабилност“, истакна Османи.
Во текот на средбата Претседавачот со ОБСЕ Османи истакна дека заштитата и унапредувањето на правата на сите заедници се клучни за зајакнувањето на меѓуетничките односи. Тој ја искористи можноста да ги поздрави позитивните достигнувања кои Мисијата на ОБСЕ во Косово ги реализира, посебно во областа на човековите права, демократизацијата и јавната безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Охридската гимназија жали за проблемот со матурантката: „Наша заложба е да помогнеме“

На матурантката од Охрид ќе и биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија, велат од средното училиште Свети Климент Охридски од Охрид.
„Макфакс“ претходно објави дека на ученичката Тијана Силјаноска денес не и’ било дозволено да го полага првиот екстерен испит од државната матура оти нејзиното име го немало на спиокот, а за проблемот нејзиниот татко информираше преку медиумите.
Од училиштето изразија жалење за проблемот и како што кажаа нивна заложба е да излезат во интерес на матурантката и родителите.
Додадоа дека списоците за верификација на податоците за државна матура биле доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ.
И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, велат од гимназијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции.
Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование, учениците полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети и подготвуваат проектна задача.
Македонија
Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура.
Нејзиниот татко во изјава за медиумите кажа дека името на ќерка му го немало на списокот, па девојчето било вратено дома и е на седативи.
Родителот вели дека неговата ќерка сакала да се запише на факултет по физиотерапија во Словенија, но без матурата таа е спречена, а вината ја лоцира кај администрацијата и директорката во гимназијата кои направиле грешка.
Таткото повика на одговорност и кажа дека реагирале до сите надлежни инспекторати.
Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.
Македонија
Ковачки: Ахмети да одговори дали на работна група е разговарано за редефинирање на државата

ВМРО-ДПМНЕ бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да одговори дали на работна група за уставните измени било разговарано за редефинирање на државата.
Пратеникот Драган Ковачки денес од Пехчево порача дека власта и должи објаснување на македонската јавност, дали „онаа експертска група т.н составена од 20-тина џабе лебојадачи преговараат односно договараат редефинирање на државата“.
Ковачки истакна дека одговор на тоа прашање не треба да го одговори Ковачевски, затоа што тој не е релевантен.
„Ковачевски не е способен да си ја поднесе самата оставка доколку не ги праша Џафери или Ахмети. Одговор на ова прашање треба да даде пратеникот Али Ахмети“, рече Ковачки.