Македонија
Османи: До последен момент ќе се прават напори за приближување на ставовите со Бугарија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека претстојат уште три дена, за приближување на ставовите со Бугарија, па нема да се откажеме од овој процес до последниот момент. Тој оцени дека е постигнат е напредок во однос на 7-8 прашања, кои биле сензитивни за едната или за другата страна.
„Пред нас се уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика“, изјави Османи, додавајќи дека Министерството ја подготвило платформата за комуникација во овој период и ги создало каналите. Османи подвлече дека сепак одлуките ги носи државниот врв, Владата заедно со другите чинители.
Вели дека има простор да се разговара за прашањето за рехабилитацијата на жртвите од комунизмот, прашањето за немешање во внатрешните работи на соседите, на економската соработка, создавање акциски планови за инфраструктурното поврзување помеѓу државите.
Османи рече дека не може да предвиди што ќе бидат одлуките на Советот за општи работи во вторник кога ќе се организира конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

