Македонија
Османи: Заедничка е обврската да го задржиме европскиот кредибилитет на Балканот
На заедничкиот состанок на министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик-премиерката и министерка за надворешни работи на Кралството Белгија, Софи Вилмес, било разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите за одржување на Првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.
„Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитетот меѓу земјите од Западниот Балкан, затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка на земјите – членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги, и сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципиелни позиции и со Белгија“, истакна Османи.
Од МНР соопштија дека на средбата било разговарано и за билатералните односи меѓу двете земји, за кои било констатирано дека имаат стабилен и континуиран напредок.
Посетата на Брисел на Османи продолжува со средби со претседателот на белгискиот парламент Елиан Тилие и претседателот на Белгискиот Сенат Стефан Д’Хос, а во рамките на посетата Османи ќе оствари посета и на седиштето на НАТО, каде ќе се сретне и со Генералниот секретар, Јенс Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

