Македонија
Османи: Иднината на ЕУ е комплeментарна со иднината на земјите од ЗБ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на неформалниот состанок за Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК, со кој претседаваше германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, а покрај редовното учество на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, беа поканети и министрите за надворешни работи од земјите на Западен Бaлкан.
„Кога зборуваме за европската иднина на Северна Македонија – најпрво мислиме на младите генерации кои имаат право на подобар живот и пристојни услови да останат да творат во својата земја. Европската индина е единствен рецепт за превенција од ретроградните политички тенденции на Балканот – единствениот одговор на предизвиците за помирување и градење на просперитет и стабилност“, истакна Османи.
Во своето излагање Османи истакна дека иднината на Европа не може да се замисли без интеграцијата на регионот во ЕУ, посочувајќи дека процесот на проширување треба да биде силно вклучен во дебатата за иднината на Европа. Тој се осврна на силната стратешка определеност на Република Северна Македонија за својата европска иднина, придонесувајќи притоа позитивно и кон европските перспективи на целиот регион.
Во делот на дискусијата за справување со предизвиците на пандемијата, беше истакнато дека солидарноста, заедничката соработка и координација се предуслови за глобалната анти – ковид-стратегија. Беа подвлечени досегашните позитивни искуства во справувањето со пандемијата, особено во рамките на копретседавањето на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.
Министрите ја реафирмираа потребата за натамошно подобрување на соработката и координацијата во насока на ублажување на економските и социјалните влијанија на пандемијата.
Агендата на состанокот опфаќаше две актуелни теми: иднината на Европа во светло на отворениот широк консултативен процес во рамките на Конференцијата за иднината на Европа и актуелните предизвици на пандемијата Ковид-19. Посебен простор на состанокот беше даден на група млади луѓе од цела Европа кои ги споделија своите визии за иднината на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

