Македонија
Османи и Мортон ќе го одржат првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе ѝ биде домаќин на министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја.
Целта на посетата е одржувањето на првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на кој од страна на Северна Македонија ќе копретседава министерот Бујар Османи, а од страна на Обединетото Кралство ќе копретседава министерката Венди Мортон.
Советот се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на севкупните односи меѓу двете земји. Исто така, во рамките на Советот предвидено е министрите да потпишат и деловник за работа како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

