Македонија
Османи – Кофод: Данска останува силен поддржувач на евроинтегративните перспективи на Северна Македонија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше видео средба со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јепе Кофод.
Главна тема на разговорот беа европските перспективи и очекувањата – до крајот на оваа година да се одржи првата меѓувладина конференција. Во таа смисла министерот Османи ги поздрави заложбите на Данска за одржување на динамиката во процесот на проширување на ЕУ според воспоставените критериуми и се заблагодари за принципиелната поддршка за евро-атлантската и за европската перспектива на Република Северна Македонија.
Кофод ги поздрави остварените резултати на нашата Влада со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели. Тој порача дека Данска останува силен поддржувач на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.
На разговорот беа разгледани можностите за натамошно интензивирање на соработката имајќи ги предвид потенцијалите во повеќе сфери од заемен интерес, како и предизвиците за справување со пандемијата, нелегалната имиграција и актуелните состојби во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

