Македонија
Османи: Морина треба да се ослободи
Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека лично се заложил за ослободување на поранешниот борец на ОВК, Томор Морина, кој минатата недела беше уапсен на граничниот премин Блаце, по потерница на Интерпол.
Тој побара од македонското Министерство за правда да не се дозволи екстрадиција на Морина во Србија и нагласи дека до судот поднел барање да го посети Морина.
„Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово“, рече Османи.
Ослободување на Морина бара и косовскиот шеф на дипломатија, Беџет Пацоли.
Утрово Министерството за правда на Србија поднесе молба до Северна Македонија за екстрадиција на Морина, кој е поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Белград бара тој да им биде испорачан поради сомнеж за извршени воени злосторства врз цивилно население на Косово во 1999 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер: Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер.
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави кои што имаат потпишано Спогодба за развојна соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија и формирано заедничка Мешовита комисија за билатерална соработка помеѓу двете влади.
Вицепремиерот Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.
Амбасадорот Прескер ја потврди подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.
Покрај другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.
Македонија
Муцунски до Столтенберг: Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Брисел се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој набргу ќе замине од оваа позиција. По тој повод, министерот му врачи на Столтенберг благодарница и плакета за извонредни достигнувања и придонес за евро-атлантската безбедност.
Изразвувајќи благодарност за неговото лидерство и водењето на организацијата, истовремено нагласувајќи ја важната поддршка за нашето членство во алијансата, министерот Муцунски го истакна значењето на личните напори на Столтенберг за зачувување на заедничките вредности и одржување на мирот и стабилноста во Западен Балкан, регион од стратешко значење за НАТО, известува МНР.
Воедно, тој ја потенцира и посветеноста кон политиката на отворени врати на алијансата како клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност.
„Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО правејќи ја алијансата покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста во евро-атлантската област“, нагласи Муцунски на средбата.
Македонија
Трипуновски: МЗШВ и ФАО проблемот на повеќе од 2.000 земјоделци во Пелагонија го надминуваат со почнување активности за реализација на проектот
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО.
Министерот се заблагодари на сите присутни што се дел од овој настан кој го означува почетокот на иницијатива што е од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, кој е еден од најважните земјоделски региони во Македонија.
„Денеска заедно со претставниците од ФАО сме во општина Битола, на расправа каде што се поканети и земјоделците, настанот означува отпочнување на проектот за решавање на децениски проблем кој што го имаат преку 2.000 земјоделци од овој регион“, истакна министерот Трипуновски.
Тој додаде дека досега земјоделците не беа во можност да го користат земјиштето за земјоделско производство заради сосопственост со државата. Но, со овој проект би се овозможило негово максимално користење.
„Министерството и ФАО ќе ги спроведат потребните активности за забрзано решавање на овој проблем кој што за жал долги години стоел како отворена ситуација“, појасни министерот Трипуновски.