Македонија
Османи на Конференција за соработка на тинк-танк организации од Западен Балкан – „Thinks Balkans“
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше воведно обраќање на првичниот состанок на проектните партнери и претставниците од министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и вишеградската група во рамките на проектот THINK Balkans.
Во своето обраќање Османи се осврна на непроценливото значење на улогата на тинк-танк организациите во градење демократски општества, нивната експертиза и анализа во креирање на политиките и секако нивниот суштински придонес во отворените дебати и дискусии.
„Соработката на тинк-танк заедницата во регионот преку овој проект ќе ја збогати регионалната соработка, особено во контекст на справување со предизвиците на ЕУ пристапниот процес и ќе придонесе да се зајакне гласот и влијанието на Регионот во ЕУ“- истакна Османи.
Министерот ја потврди отворенoста на Министерството за надворешни работи да биде партнер во овој проект, што е во силна корелација со определбата за активен дијалог и соработка на Куќата со граѓанското општество.
Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот вишеградски фонд и е моделиран по примерот на платформата -В4 Тинк-танк. Проектната единица има за цел да ја зајакне соработката и да го подобри дијалогот меѓу тинк-тенковите од вишеградската група и Западен Балкан со министерствата за надворешни работи за прашања од заеднички стратешки интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

