Македонија
Османи: Постигнавме уште еден голем успех – во Скопје е надминат ќор-сокакот, Советот за регионална соработка со нов генерален секретар
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одржа тематска прес-конференција посветена на нашето претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на која информира за постигнат уште еден голем успех на меѓународен план.
„Го заокружуваме нашето едногодишно претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, најстарата регионална иницијатива, која под капата на нашето претседавање денеска преку Комитетот на политичките директори постигна консензус и го номинира кандидатот на Сараево, Амер Капетановиќ, за нов генерален секретар на Советот за регионална соработка како извршно тело на Процесот. Со гордост можам да кажам дека со овој чин се зачувани стабилноста, континунитет и функционалноста на Советот, а со тоа и на целиот Процес. Уште еден успех за Република Северна Македонија по претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата земја уште еднаш ја потврди својата позиција на меѓународната сцена“, нагласи Османи.
Воедно, Османи најави дека утре ќе се одржат финалните активности во рамките на нашето претседавање со ПСЈИЕ, односно состанокот на ниво на министри за надворешни работи, како и на самитот на шефови на учесниците во Процесот. Посочи дека со оглед на геополитичкиот контекст во кој се наоѓа регионот и неговата историја на нестабилност и тензии, кои може лесно да се злоупотребат од надворешни актери, темата за годинешниот состанок е зајакнување на регионалната безбедносна инфраструктура загрозена од актуелните предизвици – како да продолжиме понатаму?
Исто така, најави дека во моментот интензивно се работи на усогласување на текстот на финалната заедничка декларација, со која ќе се потврдат споделените заложби за постигнување компромиси и прифатливи решенија, кои сите заедно ќе нè водат кон помирување, дијалог, надминување на оставината од минатото, економски развој и забрзано членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

