Македонија
Османи: Преспа форумот за дијалог станува препознатлив бренд во регионот и Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес- конференција го најави третото издание на Преспа форум за дијалог што ќе се одржи на 15 и 16 јуни, во Струга.
Османи истакна дека со изборот на Струга оваа година за место на одржување на овогодишниот настан, се признава богатата историја на културна размена на градот, место кое инспирира отворен дијалог и продуктивни дискусии.
“На 15ти започнува трето издание на конференција Преспа Форум за дијалог, што мене особено ме радува, затоа што низ трите години на мојот мандат како министер за надворешни работи, заедно со голем број мои соработници од куќава, успеавме да изградиме традиција, да изградиме еден препознатлив бренд преку кој Република Северна Македонија станува препознатлива во регионот, во Европа, па и пошироко”, нагласи министерот Османи.
Третата едиција на ПФД се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на договорот од Преспа.
“Очекувам да имаме навистина успешен форум што ќе ни овозможат да го повториме успехот и со тоа да го потврдиме прераснувањето на форумот како наш бренд по кој сме препознатливи, како и да ја зацврстиме улогата на Северна Македонија како регионален лидер во промоцијата на политиките за надминување на отворени спорови, промотор на вредностите за помирување и креирање стабилност во регионот” изјави министерот.
На ПФД2023 учество потврдиле: новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Албанија, Бајрам Бегај; потврдени ни се и претседателите на Владата на Црна Гора и Косово, Дритан Абазовиќ и Аљбин Курти. На форумот ќе учествуваат бројни министри од регионот и пошироко, меѓу кои и министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, бројни министри за европски прашања, меѓу кои Тања Мишевиќ и Мајлинда Дука, од Србија и Албанија, Питер Бурк од Ирска, Мартин Дворак од Чешка, како и претставници и на мултилатералните организации, меѓу кои и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, генералниот потсекретар на Обединетите нации Мирослав Јенча, генералната потсекретарка на UNDP Ивана Живковиќ, како и високи претставници на бројни тинк-тенк организации од Европа и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.