Македонија
Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/bujar-osmani-1.jpg)
Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да се влоши.
Османи рече дека утрово остварил повеќе телефонски разговори со партнерски држави и состојбата во моментот е делумно стабилизирана, а воениот кабинет на Израел одлучува дали ќе одговори на нападот на Иран.
„Порачувам до Израел да не донесе таква одлука бидејќи спиралата на конфликти тогаш само ќе се влоши“, рече Османи.
Министерот соопшти дека еден македонски државјанин побарал да се евакуира од Израел и даден му е патен лист. Истовремено, приватна компанија од Израел стапила во контакт со македонските институции информирајќи ги за четворица вработени – државјани на Македонија, кои се наоѓаат таму, но не за итна евакуација, туку за да ги разменат контактите и да ги имаат превид доколку се влоши состојбата.
„Семејствата на амбасадорот и дипломатот се таму. Му дадов на амбасадорот насока децата да ги испрати во Скопје, но бидејќи училиштата се отворени и состојбата е стабилна, решиле да останат“, рече Османи.
Како што додаде, од Иран не е стигнато барање од наши граѓани, а во врска со информацијата дека студенти од Јордан вчера побарале да бидат евакуирани, министерот истакна дека во моментот е статус кво, што се однесува на Израел и Иран, и моментно нема барање за евакуација, но Министерството е подготвено да одговори доколку произлезе таква потреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.