Контакт

Македонија

Османи утре во Лондон на состанокoт на министри за надворешни работи од Западен Балкан

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи Денес, утре на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан кој ќе се одржи во Лондон.

На состанокот како специјални гости се поканети Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во програмата на Османи се предвидени одвоени билатерални средби со Лиз Трас, Габриел Ескобар, Стјуарт Пич и Мирослав Лајчак, а ќе се сретне и со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Премиерот, Борис Џонсон.

Главна тема на дискусија ќе биде Западниот Балкан од аспект на економскиот развој и регионална интеграција, можностите за зголемување на трговската соработка, евро-атланската перспектива, борбата против пандемијата, предизвиците на регионалната безбедност, вклучително и перспективите за надминување на отворените прашања во духот на добрососедските односи во насока на постигнување просперитетен, демократски и стабилен Регион.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МЗШВ: Јавните повици се поништени поради правично доделување на земја, се подготвуваат нови

Објавено пред

Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) најостро ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп.

Министерството информира дека Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно и законито доделување на државно земјоделско земјиште.

„Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставени изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата за овој јавен повик.

Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката.

Од овие причини, а согласно Законот за земјоделско земјиште, но и заради транспарентна, законита и правична распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, овие два јавни повици се поништени пред стапување во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски. Актуелниот министер Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтраснапрентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка“, се наведува во соопштението.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во најбрз можен рок ќе бидат објавени нови Јавни повици за истите региони.

Земјоделците кои аплицирале на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно со истите елаборати, да аплицираат за истите земјоделски површини.

Од МЗШВ воедно апелираат земјоделците да не потпаѓаат под, како што велат, манипулативни изјави.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево по 6, Неготино и Ресен по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар по 4, Свети Николе и Радовиш по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар по 2 и по еден заразен од Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица.

Од вкупниот број позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 14 смртни случаи: три од Скопје (68, 83 и 84 години), двајца починати од Охрид (80 и 84 години) и по едно починато лице од Битола (90), Делчево (80), Демир Капија (87), Кавадарци (70), Кратово (58), Крива Паланка (73), Неготино (79), Прилеп (69) и од Радовиш (63). Сите пријавени се починати во болнички услови.

Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се и осум смртни случаи во периодот од 12 до 22 јануари. Од овие случаи, тројца починати се од Скопје и по едно починато лице од Г,остивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и од Тетово на возраст од 54 до 80 години. Од пријавените лица три се починати во домашни, а пет во болнички услови.

Од вкупниот број починати лица (22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип по 4, Дебар и Виница по 2, и по еден оздравен од Струга, Охрид и Дојран.

 

Направените 3.044 теста се преку: ИЈЗ – 158, ЦЈЗ Скопје – 45, ЦЈЗ Куманово – 9, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 148, „Авицена“ – 116, „Биотек“ – 224, „Систина“ – 107, „Плодност“ – 26, „Никоб лаб“ – 487, „ВФВ медикал“ – 66, „Ели медика“ – 41, „Рапид лаб“ – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.587.

Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 116.418, Активни 11.012
Куманово 14.332, Активни 726
Прилеп 12.388, Активни 785
Битола 12.036, Активни 1.542
Тетово 12.018, Активни 457
Гостивар 8.548, Активни 302
Кавадарци 8.395, Активни 548
Велес 8.130, Активни 363
Охрид 7.709, Активни 640
Штип 7.342, Активни 317
Струмица 6.940, Активни 477
Кичево 4.783, Активни 275
Кочани 4.473, Активни 210
Струга 4.253, Активни 243
Гевгелија 3.523, Активни 357
Неготино 2.971, Активни 200
Свети Николе 2.335, Активни 112
Ресен 2.232, Активни 217
Крива Паланка 2.138, Активни 130
Радовиш 2.119, Активни 163
Делчево 1.686, Активни 151
Берово 1.605, Активни 86
Дебар 1.490, Активни 20
Валандово 1.270, Активни 136
Виница 1.248, Активни 43
Пробиштип 1.235, Активни 42
Кратово 860, Активни 56
Богданци 806, Активни 70
Крушево 802, Активни 136
Демир Хисар 747, Активни 70
Македонски Брод 611, Активни 34
Македонска Каменица 481, Активни 41
Демир Капија 467, Активни 21
Пехчево 404, Активни 25
Дојран 201, Активни 13

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Објавено пред

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков го пречека македонскиот колега Димитар Ковачевски, кој ја предводи владината делегација.

Премиерите, според Програмата на официјалната посета, положија цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј, по што се упатија кон Македонскиот културно-информативен центар за да го означат почетокот на работата на дописништвото на македонската новинска агенција (МИА).

Агендата на првиот ден од официјалната посета на Софија вклучува и посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Петков и бугарската влада им се домаќини на Ковачевски и на македонските министри за заедничката седница во резиденцијата „Бојана“, која ќе почне утре изутрина и ќе трае до доцна вечерта.

Ковачевски и Петков ќе имаат воведно обраќање, а според програма, ќе се потпишат и неколку билатерални документи.

Според најавите, двете влади утре ќе разговараат за забрзување на изградбата на автопатот на Коридорот 8, за новиот граничен премин Клепало, составување на комисиите за економија и стопанска соработка, образование, култура, иновации…

Заедничката владина седница се одржува само една недела по официјалната посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 час

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Македонија4 часа

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија5 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија5 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија6 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија6 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет7 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија7 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет7 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија8 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет8 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет9 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет9 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија20 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија22 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет24 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ1 ден

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Досие