Македонија
Османи – Ханеда: Односите со Јапонија се пријателски и базирани на традиционално партнерство
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше проштална средба со Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, по повод нејзиното завршувањето на дипломатската мисија и заминувањето од земјата.
Во таа пригода Османи ѝ врачи плакета благодарница на амбасадорката Ханеда за извонредниот ангажман и личниот придонес во развојот на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија, посакувајќи ѝ успех во нејзините натамошни ангажмани во дипломатската кариера.
„Како прв јапонски резидентен амбасадор во нашата земја, оставивте длабок печат во развојот на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, особено преку вашето лично залагање и несебичната помош од Владата на Јапонија. Повеќе од 20 години добиваме донации и наменски проекти од народот на Јапонија, особено во здравствениот сектор, локалната самоуправа, образованието и останатите јавните установи, што претставува исклучително позитивен придонес во развојот на сите овие сектори“, истакна Османи.
Во сличен тон, соговорниците ги оценија односите меѓу двете земји како исклучително пријателски, базирани на традиционалното партнерство и соработка.
Амбасадорот Ханеда се заблагодари за гостопримството и успешната соработка во изминатиот период и ја пренесе заложбата за натамошно продлабочување на билатералните односи, како и за подготвеноста на јапонската страна за продолжување на развојна поддршка на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле осум возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 44 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно возило заради техничка неисправност. Санкциониран е и еден возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, соопшти МВР.
Македонија
СДСМ: Мицкоски е во шок од изборниот резултат, а ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година“, велат од СДСМ.
„Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа.
Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните“, соопшти СДСМ.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.

