Македонија
Османи ја лансира иницијативата „Преспа форум за дијалог“
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ја претстави иницијативата „Преспа форум за дијалог“ – платформа наменета да ги заштити, да ги промовира и да ги канализира придобивките и значењето на трите политички договори: Охридскиот рамковен договор, договорот за пријателство со Бугарија и договорот од Преспа.
„Почетокот на годината претставува убава можност да ги претставиме иницијативите на кои сакаме да се посветиме оваа година, иницијативи што произлегуваат од мојата мандатна мисија, иницијативи што сметам дека се важни за земјава и особено за нашата надворешна политика. „Иницијативата 8“ и „Преспа форум за дијалог“ ќе бидат платформи преку кои ќе се продлабочуваат добрососедските односи и ќе се унапредува регионалната соработка“, истакна Османи.
Идејата за лансирање еден ваков мултидимензионален проект се раѓа со стекнувањето на политичката тежина на трите договори и изворниот know-how на нашата земја во однос на дијалогот и соработката, со што се отвора можност, но и обврска да се отвори интелектуална и политичка дебата, од која би можеле да произлезат идеи, практични решенија и јасни одговори на отворени прашања од регионален и глобален карактер.
„’Преспа форум за дијалог’ ќе биде наш, автентичен придонес кон безбедноста, стабилноста и политичката соработка во регионот, но и одлична можност да го зајакнеме авторитетот на самите договори, да ја засилиме нивната улога, како и да обезбедиме нивна соодветна примена во справување со актуелните современи предизвици“, нагласи Османи.
Во рамките на „Преспа форумот“ во текот на целата година ќе бидат организирани помали настани (тематски работилници и семинари) со високопрофилирани учесници од политичките, но и од академските ешалони. Главниот настан на годишно ниво ќе биде во форма на меѓународна конференција, кој се очекува оваа година првпат да се реализира од 15 до 17 јуни, и тоа во Охрид, што соодветствува и со годишнината од потпишувањето на договорот од Преспа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

