Македонија
Осомничените за убиството на Вања и Панче донесени во Кривичен со избричени глави и затворски одела, се бара продолжување на притворот
Четворица осомничени за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски беа донесени во Кривичниот суд вечерва, каде судија треба да одлучи дали ќе им го продолжи притворот.
Тие беа спроведени со лисици под силно полициско присуство, облечени во затворски одела и со избричени глави.
Тројцата од нив се дел од партијата „Десна“ на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој беше посочен како реализатор на убиствата и во моментот е во бегство. Четвртиот кој беше спроведен во судот е таткото на 14-годишната Вања, за кого постојат сомнежи дека дал информации за движењето на неговата ќерка, но тој негира вина.
Претходно, Обвинителството издаде наредба за истрага, и побара нови 30 дена притвор за осомничените.
Дополнително, Обвининителството попладнево побара притвор и за уште едно лице, за кое се сомнева дека му помагало на Палевски, возејќи го низ Србија и Бугарија кон Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

