Македонија
Детали за бегството на Палевски: влегол и излегол од Бугарија во саботата – дента кога МВР јави дека има уапсени
Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, избегал од Македонија, преку Србија, па низ Бугарија се упатил кон Турција.
Според информациите на Јавното Обвинителство, Љупчо Палевски-Палчо во саботата, на 2 декември, бил регистриран на граничниот премин Калотина помеѓу Србија и Бугарија, по што се упатил кон Турција на преминот Капитан Андреево – тракеторија во времетрање од околу 3 часа и 40 минути со автомобил.
Ова се случувало дента кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека претходната вечер биле приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, а обезбедно било и возило.
Палевски на 2 декември патувал во возило од марката „ланд ровер“, кое го управувало лицето што денес беше приведено поради сомнеж за помагање. Обвинителството за возачот бара 48 часовен притвор.
Претходно беше објавено дека Палевски до Белград го возел неговиот адвокат, Васко Стојков, кој тврдеше дека не знаел за убиствата. Адвокатот, во изјава за „Телма“ објасни дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на преглед, бидејќи немал возило. Потоа, Стојков се вратил во Скопје, а Палевски останал во Србија, навестувајќи му дека ако не е во ред прегледот, ќе замине за Истанбул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес свечено примопредавање на претседателската функција
Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и досегашниот претседател Стево Пендаровски чијшто мандат истекува денес, предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот на денешниот ден таа пред пратениците во Собранието ќе даде свечена изјава.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени
Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени, јавува УХМР.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.