Македонија
Осум починати и нови 373 случаи на заразени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Регистрирани се 309 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 114, Охрид – 40, Кавадарци – 20, Куманово – 18, Струга – 16, Велес – 14, Тетово и Прилеп – по 12, Кичево и Неготино – по 8, Битола – 7, Демир Капија – 5, Штип, Струмица и Кочани – по 4, Гевгелија, Берово и Крушево – по 3, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица – 5 пациенти од Скопје (94, 81, 79, 78 и 76) и по еден пациент од Куманово (66), Гостивар (61) и Прилеп (76).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2.345 теста преку: ИЈЗ – 471, ЦЈЗ Скопје – 46, „Авицена“ – 226, „Биотек“ – 246, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 115, „Систина“ – 202, лабораторија „Лаор“ – 238, МАНУ – 0, Судска медицина – 6, ЦЈЗ Битола – 61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, ГАК – 0, „Синлаб“ – 81, „Ремедика“ – 19, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 620, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ „8 Септември“ – 8, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 42.900, активни 2.845
Куманово 5.420, активни 244
Тетово 5.312, активни 225
Прилеп 4.965, активни 393
Гостивар 3.713, активни 116
Штип 3.590, активни 92
Битола 3.339, активни 127
Велес 3.313, активни 229
Охрид 3.089, активни 367
Кавадарци 3.023, активни 438
Струмица 2.638, активни 149
Струга 2.337, активни 159
Кочани 1.777, активни 48
Кичево 1.752, активни 59
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.090, активни 102
Неготино 1.066, активни 94
Дебар 785, активни 42
Ресен 784, активни 66
Крива Паланка 775, активни 46
Радовиш 741, активни 41
Делчево 713, активни 224
Берово 631, активни 34
Пробиштип 526, активни 20
Виница 507, активни 23
Валандово 347, активни 19
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 257, активни 28
Македонски Брод 251, активни 8
Крушево 246, активни 47
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 28
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитровски: Нема да бидам нем набљудувач, Скопје ќе го направам од град во хаос до град со брз и современ градски превоз

Даме Димитровски, носител на листа на советници во Советот за Град Скопје oд ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот митинг најави дека доаѓа време за промена, која ќе се темели на визија, план и конкретни политики. Тој говореше за деветте столбови на платформата како што се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и чесно управување.
Димитровски се осврна на градскиот превоз, нагласувајќи дека јавниот превоз не го следи развојот на Скопје и потребите на скопјани и додаде дека целта е да се создаде брз и современ градски превоз во служба на граѓаните.
„Секое утро илјадници заглавуваат во хаос, превозот не е во служба на граѓаните. Затоа, целта е јасна: Нов концепт на јавен превоз: флота на чисти, нови, климатизирани автобуси, почести ротации и дигитализиран, предвидлив систем, повеќе правци и линии кон секој дел од градот“, нагласи Димитровски.
Димитровски истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти, со реални решенија и конкретни чекори што ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани.
„Ова не се само зборови на хартија – ова се нашите работни задачи!“, рече меѓу другото Димитровски.
Македонија
Кузмановски: Младите ќе бидат во фокусот во Демир Хисар

Кандидатот за градоначалник на Демир Хисар од СДСМ, Златко Кузмановски, на граѓанска трибина порача дека е време за промени и чесно, отчетно раководење.
Кузмановски најави мерки за младите, меѓу кои младински центар, поддршка за претприемништво, субвенции и практикантски можности, но и финансиска поддршка за учениците и ослободување од партиципација за деца од социјално ранливи семејства.
Тој истакна дека Демир Хисар мора да стане општина која е отворена и транспарентна, посветена на културата и историјата, со уредување на спомен-паркот на Даме Груев во Смилево и локалните патишта до него.
„Ветувам работа, напредок и иднина. Изборите не се само за градоначалник, туку за тоа каков Демир Хисар сакаме,“ рече Кузмановски.
Македонија
Обилни дождови, студ и снег на планините – од среда промена на времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 14, а максималните од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од среда попладне до петок се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, локално пообилни над 30 литри на метар квадратен. Во четврток и петок, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.