Македонија
Отец Бобан: Спин е дека МПЦ се согласува со промена на името
„Спин е дека МПЦ се согласува со промена на името“, вели во изјава за „Макфакс“ отец Бобан Митевски, презвитер во Скопската епархија. Тој потврдува дека е испратено писмо до Вселенската патријаршија, но дека е направен спин од страна на црквата на расчинетиот владика Јован Вранишковски.
„Точно е дека е испратено писмо до Вселенската патријаршија. Со писмото се бара наше прифаќање. Спинот е направен од страна на црквата на Вранишковски“, изјави отец Бобан Митевски.
„Ромфеа“, едно од највлијателните црковни гласила во Грција, објави дека Македонската православна црква (МПЦ-ОА) испратила писмо до Вселенската патријаршија преку кое бара промена на своето име. Како што е наведено, МПЦ-ОА наводно побарала ново име, кое нема да го содржи терминот Македонија, а според посоченото, МПЦ-ОА побарала свое преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“.
Информацијата за испратеното писмо ја потврди и Вселенската патријаршија, која преку соопштение истакна дека освен барањето на МПЦ-ОА, писмо пристигнало и од македонскиот премиер Зоран Заев, кој побарал од Синодот на Вселенската патријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија.
„Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледа барањето на расколничката црква на Скопје, поткрепено со писмото на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, кој побара од Цариградската патријаршија да преземе иницијатива за враќање на шизматичката црква во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија“, се наведува во соопштението на Вселенската патријаршија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

