Контакт

Македонија

„Охрид ултратреил“ – 100-километарска трка во планинско трчање на Галичица

Објавено пред

В година, од 22 до 24 мај, Охридско-преспанскиот Регион ќе биде домаќин на новото издание на трката „Охрид ултратреил“, настан кој со една од своите трки оди во доменот на ултратреил-трчањето.

Настанот ќе биде составен од три трки во планинско трчање, кои во текот на целиот викенд ќе се одвиваат на планината и Националниот парк Галичица. Првпат во овој регион една од трките што ќе се организира ќе има должина од 100 километри со старт и финиш во Охрид.

Другите две дистанци се минатогодишната 62 километра долга трка со старт од Свети Наум, која минува низ целиот гребен на Галичица и финишира во Охрид, а организаторите припремија и пократка трка од 18 километри за љубителите на побрзи трки и соодветна за оние што се запознаваат со планинското трчање.

Минатата година „Охрид треил“ го имаше своето премиерно издание со две трки од 60 и 35 километри, на кои учествуваа 140 учесници. Овие настани претставуваат нова гранка во авантуристичкиот туризам нудејќи колективна тура низ планински терен со посебен акцент на компететивност, колегијалност, другарување, запознавање, мултикултурализам и чувство за себенадминување.

Засега „Охрид ултратреил“ ќе биде единствена трка со должина од над 100 километри во календарот на нашата држава.
Пријавите ќе бидат отворени во првата половина од декември на официјалната веб-страница www.ohridtrail.mk.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на Царовска со Брнз: САД и натаму активно ќе поддржуваат реформи во образованието

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска имаше прв работен состанок со американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз и со претставници од УСАИД.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот амбасадорката Брнз истакнала дека Амбасадата на САД продолжува да биде важен стратешки партнер во унапредувањето на образовниот систем во Северна Македонија и посочила дека Амбасадата е подготвена да го продолжи и унапредува силното партнерство и да даде поддршка на реформските процеси во образованието.

На средбата министерката ја информирала амбасадорката и останатите присутни, за сите актуелни теми поврзани со стартот на учебната година во услови на Ковид-19, но и за други тековни активности на министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски до Гир: Правдата е селективна, им се суди само на луѓе од опозицијата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, остварија средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава.

Во текот на средбата Мицкоски на евроамбасадорот Гир му ги посочил главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците. Економијата е пред колапс, власта придонесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со Ковид-19 и економската криза“, истакнал Мицкоски.

Како што се наведува во соопштението, евроамбасадорот Гир бил информиран и за степенот на криминал во Македонија.

„Во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата“, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додал дека како одговорна политичка партија имаат јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи – Јан Коп: Холандија ќе продолжи да ги поддржува реформите во Северна Македонија

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп со кого разговарале за економската соработка меѓу двете земји, информираат од владината прес-служба.

Холандскиот амбасадор во воведните зборови истакнал дека Амбасадата на Холандија во изминатите години давала голема поддршка за спроведување на реформите и најавил дека поддршката за остварување на европските аспирации на Северна Македонија ќе продолжи и понатаму.

Соговорниците размениле мислења и за бизнис-климата во земјата, спроведувањето на антикризните мерки од трите сета и планирањето на четвртиот сет, како и за среднорочните и долгорочни планови на Владата, кои се важни за светските финансиски организации.

Битиќи посочил дека предвидливоста и владеењето на правото ќе бидат приоритети на Владата во наредниот период и дека ќе се креираат системски решенија со кои ќе се намалат бирократските процедури и ќе се отвори широк фронт против корупцијата, во насока на креирање на уште подобра и предвидлива бизнис-клима.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион4 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија5 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија5 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион6 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ7 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет7 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија7 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија8 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет9 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет9 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет23 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Досие