Македонија
Панова со порака до Владата: Во некое идно време ќе се отворат сите процеси кои ги имате
„Нема никој со основно чувство на образ, се повикувате на некакви регулативи ама ниту една од тие регулативи не кажуваат дека некој некогаш во Европа и во светот се амнестирал од криминал. Денес вие тоа го правите пред очите на целата македонска јавност, свесни дека си заминувате од власт. Дали некој од Министерството за правда ќе излезе и ќе објасни кои се овие европски регулативи зад кој стој овој закон, не нема, ниту заменичката министерка која е единствена потпишана на овој закон не даде никакво образложение“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на денешната собраниска седница.
Таа додаде дека овој закон е признание дека оваа Влада скоро 7 години вршела политички прогон врз политички неистомисленици искористувајќи ги членовите на законот кои денес се менуваат.
„Никогаш ова со ниту едни измени нема да може да им надокнадите на луѓето кои ги ставивте по затворите и кој секој ден одеа по затвори, луѓето кои беа уценувани и заплашувани и кои буквално траор доживува од вашето владеење. Со умисла дојдовте на власт, злоупотребувајте ги овие членови“, рече Панова.
Таа истакна дека најголемиот проблем на оваа Влада знаат граѓаните дека тоа е недовербата во институциите.
„Министри, директори, раководни лица кои се не кадарни, неспособни и криминогени кои долги 7 години го искористувале своето влијание да местат тендери во други институции на свои блиски, да добиваат грантови од државата и да вршат злоупотреба на службената положба во лично своја полза“, вели Панова.
Таа заклучи дека граѓаните немаат доверба во овие институции токму поради корупција, сега со овој закон се вели дека единствената цел е да украдат но сега ништо не ни можете. Во некое идно време сигурно ќе се отворат овие процеси кои ги имате.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.