Македонија
Пановски: Предложените мерки немаат влијание, потребни се поригорозни мерки
Професор д-р Никола Пановски, микробиолог, вели дека со денешните предложени мерки од Комисијата за заразни болести сè е оставено на свеста на граѓаните и дека гледано од медицински аспект, потребни биле поригорозни мерки во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
„Овие мерки немаат влијание, потребни беа поригорозни мерки. Од здравствен аспeкт сега сè е оставено на свеста на граѓаните, и од самите нив ќе зависи што ќе се случува за еден месец. Со ваквите мерки, постои можност вирусот побрзо да се шири. Затоа и карантинските мерки сега имаат улога, односно пред да дојдат вакцините, да се спасат што повеќе луѓе. Карантините немаа улога во април, но можат да имаат сега“, вели Пановски за „Mакфакс“.
Комисијата денеска предложи од овој петок па до 21 јануари угостителските објекти да затвораат во 18 часот наместо во 21 часот, а хотелските ресторани во 21 часот. Од Комисијата апелираат да нема групирања по домовите, да нема прослави на работните места и да се забрани групирање на плоштадите за прослава на Новата година. Во сила останува забраната за собири на јавни места.
Реакциите за ваквите мерки се различни. Дел од граѓаните ги оправдуваат, дел сметаат дека не треба товарот да паѓа единствено врз угостителите, а дел, пак, сметаат дека е потребен карантин, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.
Владата на утрешната седница ќе ги разгледува предлог-мерките на Комисијата за заразни болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

